Lada со нови ветришта во логото на марката

Современиот бран или „новите ветришта“ во понудата од модели на рускиот производител го зафатија и логото. Едрото на стилизираниот брод ја носи марката подинамично во иднината.

Рускиот автомобилски производител го освежи и логото во рамките на осовременувањето на претпријатието. Едрото на стилизираниот брод отсега носи две украсни линии и трупот на бродот е понизок. Покрај тоа, овалот околу логото повеќе не е отворен одозгора, туку целосно го заокружува логото. Натписот на марката Lada во иднина ќе биде темносив, место син. Со овие промени, концернот Avtovaz, којшто е во сопственост на Renault, внесува подинамичен и поелегантен стил, во согласност со модернизацијата на понудата од модели со компактната лимузина Vesta, како и со идниот спортски теренец X-Ray.

lada vesta studio

Претходна објаваОвие автомобили се шампиони во загадување на животната средина
Следна објаваМузејот на Porsche ечеше од звукот на моторите во 2015