за

Lada повеќе не е број 1 во Русија

Комболимузинската изведба на Granta наидува на голема популарност на рускиот пазар

За првпат по четириесет години, руската марка не е на првото место на месечната продажба. Превласта на Lada ја презеде Kia. На годишно ниво, бројките сепак се пореални.

Уште од раните 1970-ти години, Lada е на првото место во месечната продажба на нови автомобили во Русија. Најголема гордост на руската марка моментно е Granta, сега достапна и во комбилимузинска изведба. Во ноемвриската продажба, таа сепак ја загуби пазарната битка со Kia Rio. Според официјалните статистики, Lada продаде 10.520 примероци од Granta во ноември, додека Kia Rio ја престигна минимално, со 10.834 примероци.

Вината за тоа не е само кај Avtovaz, производителот на Lada. Деловите од добавувачите пристигнаа со задоцнување во Тољати, поради што Lada мораше привремено да го прекине производството на Granta. Сепак нема причини за паника. Во периодот од јануари до ноември, Lada продаде 351.992 возила. Второпласираната Kia во истиот период продаде 175.495 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cayman и Boxster стануваат Porsche 718

Nissan очекува рекордна продажба на електричниот Leaf во 2015