за

Lada отпушта 7500 работници

Компанијата Avtovaz ќе скуси околу десет проценти од својата работна сила со цел да ја задржи профитабилноста во услови на пад на продажбата на домашниот пазар.

Најголем дел од работните места, односно точно 5.000 позиции се укинуваат во производството, додека останатите 2.500 се во менаџментот, во стручната сила и во администрацијата. Продажбата на нови автомобили во Русија во минатата година падна за 5,5 проценти на 2,78 милиони, откако во претходните три години во просек бележеше раст од 27 проценти. За оваа година се предвидува натамошно намалување на продажбата.

За подршка на индустријата, руската влада неодамна им одобри државни субвенции на производителите на автомобили во висина од околу осум милијарди долари за периодот до 2016 година.

Алијансата Renault-Nissan треба да го преземе рускиот гигант уште во текот на оваа година, со цел марките на Avtovaz, Renault и Nissan заеднички да достигнат 40 проценти пазарно учество до 2016 година. Партнерите предвидуваат годишната продукција во поставениот рок да достигне 1,7 милион автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уште скандали во ADAC: Шефот летал со хеликоптерот за прва помош

Австријците помалку ги возат автомобилите