Уште еден триумф на шампионите за статистика. Според педантно обработените податоци со коишто располагаат германските статистичари, возачите на Mazda CX-5 во Берлин треба да бидат особено внимателни, каде и како го оставаат своето возило.
Крадците во Германија лани украле 15.037 автомобили со каско осигурување. Тоа е за 14% помалку во споредба со 2017 година. Бројот на кражби на автомобили е на најниско ниво од обединувањето на „двете германии“. Во средината на 1990-те години, осигурителите регистрирале по 100.000 кражби на годишно ниво. Висината на економската штета од кражба на возило за оштетената страна се зголемила на 19.800 евра. Вкупната штета за минатата година изнесува 298 милиони евра.
При споредба на сојузните држави и големите региони, во Берлин и натаму се случуваат најмногу кражби. Во текот на минатата година, во германската престолнина биле украдени 2.877 патнички автомобили. Тоа значи дека на секои 1.000 автомобили со каско осигурување, се краделе по 3,1 автомобил. Висок удел на кражби има и во Лајпцих (1,5), Хамбург (1,4) и Хановер (1,0). Опасноста од кражба е значително пониска во јужниот дел од земјата. Во Баварија и во Баден Виртемберг нема ниту половина од бројот на кражби што се случуваат само на територијата на градот Берлин.
Кај криминалците се особено популарни СУВ-моделите и скапите лимузини. Во 2018 година најчесто се крадела Mazda CX-5 2.2 D AWD. Меѓу милениците на крадците се наоѓаат и неколку X-модели со знакот на BMW.
https://photos.app.goo.gl/7QMc5a4TCspTtyYo6
https://photos.app.goo.gl/qhXzQtAkHdTRyaf4A
















