Koenigsegg Jesko е некрунисаниот крал на салонот во Женева

Koenigsegg Jesko premiera zeneva

Ако некој автомобил на салонот во Женева најверодостојно ги претставува основните предизвици на автомобилизмот, тоа не може да биде друг освен Koenigsegg Jesko. Мега-автомобилот со своите 1.600 КС е обѕирен и кон животната средина. Максималната моќ ја постигнува кога во резервоарот има етанол.

Околу најголемата атракција на швајцарскиот салон годинава, нема двоумење. Koenigsegg Jesko. За наследникот на Agera RS, Швеѓаните посочуваат пет подрачја во кои е постигнат најголем напредок: Преработениот петлитарски V8 твин-турбо ослободува 1.280 КС со стандарден бензин, односно 1.600 КС при користење Е85; Развиен е нов 9-степен менувач со повеќеламелна спојка; Усовршена е аеродинамичноста и при 275 km/h се постигнува потисок од 1.000 килограми ; Воведено е активно управување на задната оска; Преработена е карбонската шасија за повеќе простор во кабината.

https://photos.app.goo.gl/2M1BRw3eU3J6fxCb9

Новиот „мега-автомобил“, како што Швеѓаните ја водат својата креација, именуван е според таткото на основачот Кристијан фон Кенигсег, кој на своите 80-години присуствуваше на премиерата на автомобилот со неговото име во Женева.

https://photos.app.goo.gl/FuLBEuDTM8QYuwom7

Промените кај моторот се однесуваат главно на новото, таканаречено „рамно“ коленасто вратило, на новиот вшмукувачки тракт, на поголемите турбокомпресори и подобрената контрола на притисокот. Во Jesko работи најлесното коленасто вратило за V8, со 12,5 килограми. Предностите се во тоа што „рамното“ коленасто вратило дозволува многу повисоки вртежи, сега до 8.500/min, а дополнително овозможува и уникатен, буквално бесен звук.

Петлитарскиот V8 достигнува 1.500 Nm при 5.100/min, односно е над 1.000 Nm во целото работно подрачје меѓу 2.700 и 6.170/min

Како новитет пристига и систем што најверно би се опишал како „вдувување воздух“. Станува збор за мал компресор, кој произведува притисок до 20 бари во карбонска боца. Целта е овој притисок да се испушти во стратешки момент, за турбокомпресорите да можат да реагираат рано, многу пред моторот да ги достигне вртежите кога всушност почнуваат да се будат „турбата“. Сличен систем користи Volvo во своите дизел мотори – со драстична разлика во притисокот.

https://photos.app.goo.gl/AbXWShD1gzeANvBq9

Комплетно е нов и деветстепениот менувач со повеќеламелна спојка, втор сопствен менувач по оној во Regera. Според Koenigsegg, новиот менувач LST (Light Speed Transmission) овозможува префрлување меѓу кои било степени на пренос, молскавично брзо, без прекин во силата на тракцијата.

За разлика од менувачите со двојна спојка, деветстепениот LST може да префрли директно во кој било степен

Разликата со модерните менувачи со двојна спојка е во тоа што кај нив не може да се изврши директно префрлување, на пример од 6-от во 3-от степен, без менувачот претходно да префрли во 5-ти, па во 4-ти степен. Тоа одзема време. LST ја постигнува предноста со посебен дизајн на спојките, но и со посебна логика на контролната електроника. Друга предност е ниската тежина. Во споредба со 140 kg на обичен DCT, менувачот на Koenigsegg тежи само 90 kg.

Повеќе детали околу перформансите и техниката во Koenigsegg Jesko очекуваме по завршувањето на салонот.

https://photos.app.goo.gl/FTLNBAY1bpPhqjbZ9

https://photos.app.goo.gl/v7yn4AdkPEXm3RiL6

https://photos.app.goo.gl/hqhzL3hVrL1FQ6ZdA

https://photos.app.goo.gl/F4euJCyVDM8dTB9x9

https://photos.app.goo.gl/59WnUgMdS4TDkDi89

Нова тркачка дисциплина: 0-400-0 km/h и рекордерот Koenigsegg Agera RS

Швеѓаните го напаѓаат рекордот на Нирбургринг со Koenigsegg One:1

Koenigsegg се враќа на Нирбургринг да постави нов рекорд

Дваесет автомобили на африкански диктатор се продаваат за добра цел

Претходна објаваVolkswagen ID Buggy како повик до стартап-компаниите
Следна објаваTata го полира имиџот на Land Rover со индиски модели во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here