Расте извозот на кинеските автомобили, надоместува за слабиот домашен пазар

Кинеските производители го зголемуваат извозот на своите автомобили, и покрај царините и геополитичката криза.

Чанган е следниот голем кинески производител што се впушта во трка на европскиот пазар; На сликата: Чанган Дипал С05

Кинескиот извоз продолжи да расте и во март, и покрај геополитичката неизвесност. Извозот расте најмногу во Европа, Југоисточна Азија и Јужна Америка.

Извозот на автомобилите од кинеските производители продолжува да расте и покрај кризата во Иран и царините што се воведуваат насекаде. Во март, извозот на автомобили од Кина порасна за близу 40 проценти. Производителите ја насочија продажбата кон алтернативни извозни пазари, за да надоместат за забавената продажба на кинескиот пазар.

Извозот на возила е пораснат за 39 проценти и достигна 790.000 возила, главно благодарение на силниот раст во Европа, Латинска Америка и Југоисточна Азија.

Пад во продажбата на Блискиот Исток

Во првите три месеци, кинескиот извоз порасна за 53 проценти, на 2,34 милиони возила, покажуваат податоците од кинеското здружение ЦПЦА.

Единствено кочи Блискиот Исток, како голем пазар за кинеските производители. По нападите на САД и Израел врз Иран, што траат од завршетокот на февруари, и затворањето на Ормускиот Теснец што произлезе како последица, соодветно запре и извозот во регионот.

Во март, таму се продадоа за 60 проценти помалку возила, односно околу 40.000 возила. На тримесечно ниво, продажбата достигнала 280.000 возила, што е за 4 проценти под истиот период лани.

Постојаниот раст во извозот докажува дека кинеската автомобилска индустрија успеа да ја поттикне побарувачката за нејзините возила ширум светот. Тоа се случува во време кога на домашниот пазар владее жестока конкуренција со цените и пазарот покажува знаци на заситеност.

Европа и Југоисточна Азија надоместуваат

Извозот за Мексико, земја што беше најголем увозник на кинески автомобили во минатата година, продажбата во март се скуси за 23 проценти, со околу 40.000 возила. Причина за тоа беше зголемувањето на царинската стапка за патнички автомобили од 20 на 50 проценти. За три месеци, во земјата се продадоа под 90.000 возила, што е за 36 проценти под ланскиот пазар.

Останатите региони надоместуваат за оваа загуба. Испораките за Централна и Јужна Америка во март пораснаа за 46 проценти, со продадени 180.000 возила. Од почетокот на годината, растот бележи 48 проценти, а пазарот брои 480.000 возила.

Европа двојно го зголеми увозот на кинески автомобили, со 160.000 возила, а Југоисточна Азија исто така одговори со раст од 38 проценти и продадени 100.000 возила. Во првите три месеци, извозот во ЕУ пораснал за 88 проценти, со 490.000 возила, а во Југоисточна Азија за 36 проценти и 260.000 возила.

Меѓу најголемите извозни пазари за кинеските автомобили во март се бројуваат Русија, Бразил, Мексико, Обединетото Кралство, Белгија, Австралија, Индија, Германија, Алжир и Тајланд.

Електричните возила донесуваат раст

Електричнте возила и натаму се најголем двигател на бизнисот. Во март, кинеските производители извезле околу 340.000 електрични возила, вклучувајќи приклучни хибриди и ЕВ со продолжен досег. Тоа се 55 проценти повеќе возила отколку во март лани. Главни пазари се Западна Европа и Јужна Америка.

Десетте најголеми увозници за електрични возила од Кина во март биле Бразил, Белгија, Обединетото Кралство, Тајланд, Австралија, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Филипини.

Вкупно до март годинава, извозот на електрифицирани возила од Кина постигнал раст од 75 проценти и преку 1 милион возила.

Претходна објаваМалечка, брза и електрична Опел Корса со историската ознака ГСЕ
Следна објаваПочна сезоната на автомобили престорени во пред куќни разладни комори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here