за

Кинеското автомобилско лоби повикува да престане лудилото со попустите

Tesla е меѓу четиесетината марки во Кина, коишто нудеа големи попусти за да ја поттикнат продажбата. Тоа доведе до ценовна војна за освојување пазар.

mercedes kina salon
mercedes kina salon

Кинеското здружение на автомобилската индустрија ги повикува производителите и властите да се откажат од „лудилото со намалување на цените“. Оттаму порачуваат дека само на тој начин може да се обезбеди стабилен развој на индустријата.

„Ценовната војна не е долготрајно решение“, пишуваат од Кинеското здружение на производители на автомобили, во објавата што е споделена на нивниот профил на WeChat.

Производителите на автомобили треба повеќе да се посветат на технологијата и на развојот на марките, а исто и локалните власти треба да користат „соодветни методи“ во промовирањето и стабилизацијата на економијата, додаваат од Здружението.

Повеќе од 40 автомобилски марки што нудат електрични модели или модели со обичен погон во Кина, понудија агресивни попусти со цел да ја поттикнат својата продажба. Tesla прва го повлече тој потег, што понатаму прерасна во ценовна војна за освојување колку е можно поголем дел од пазарот.

Локалните власти исто така им нудеа субвенции на купувачите, со цел да ја поттикнат продажбата. Во дел од тие програми се вклучија и производителите на автомобили, за да ја охрабрат индустријата.

Автомобилската индустрија и нејзиниот долг синџир добавувачи е столб на кинеската економија, со голем придонес во собирањето данок и во вработувањето.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia има најзадоволни дилери во истражувањето во Обединетото Кралство

Продолжува циркусот: Сега Италија бара биогорива по 2035