за

Kia има најзадоволни дилери во истражувањето во Обединетото Кралство

Дилерите на марката Kia во Обединетото Кралство дале највисоки оцени на прашањата колку тие се задоволни од производителот на возилата.

Kia во Обединетото Кралство е марката што освои најдобри оцени во истражувањето што се спроведува редовно меѓу дилерите на сите марки присутни на автомобилскиот пазар во островската земја.

Просекот на Kia изнесува 8,7 од максимални 10 бодови, што е подобрување за 0,3 бод во споредба со претходното истражување. Дилерите на автомобилските марки на пазарот во Обединетото Кралство одговараат на деветнаесет прашања, од коишто понатаму се одредува колку дилерите се задоволни од марката со којашто работат.

Kia добила највисоки оцени од сите марки во пет прашања, вклучувајќи го и најважното „како би го оцениле својот производител во целина“. На осумнаесет од вкупно 19 прашања во истражувањето, дилерите годинава дале повисоки оцени отколку на последното истражување.

Корејската марка лани пушти во продажба неколку нови модели, вклучувајќи го бестселерот Sportage, како и кросоверот Niro. Електричниот гран-туризмо EV6 ја имаше првата полна година во продажба на британскиот пазар. На прашањето, колку се задоволни од батериските електрични модели што ги нудат прозиводителите, дилерите на Kia дале просечна оцена 9,3 од можни десет.

Во целина, марката годинава напредувала за 36,8 бодови. За споредба, просекот од сите марки во истражувањето, изнесува само 6 бодови. За одличните резултати, меѓу другото придонесува и тоа што повеќе од 80 проценти (148) од дилерите на Kia учествувале во истражувањето, што е нов рекорд.

Првиот човек на Kia во Обединетото Кралство, Пол Филпот, објаснува дека „истражувањето ни помага да ги планираме натамошните подобрувања во нашите производи и услуги.“

Огранокот на корејската марка во земјата во предизвикувачката 2022 година постигна дури рекорд, првпат продавајќи повеќе од 100.000 возила од маркатa Kia.

Ова е третпат Kia да биде најдобро оценета од дилерите во Обединетото Кралство.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прва годишнина од отворањето на фабриката на Tesla во Берлин

mercedes kina salon

Кинеското автомобилско лоби повикува да престане лудилото со попустите