Кина го зголеми извозот на електрични автомобили откако војната во Иран ја поскапе нафтата

Извозот на електрични автомобили од Кина се зголеми за повеќе од двојно во март и достигна рекорд, откако ценовниот скок на нафтата поради војната во Иран ја зголеми побарувачката за ЕВ.

Донгфенг Нами Бокс на тестот на Аутомедиа; Тоа е најдостапниот електричен автомобил на домашниот пазар, со цена од 21.900 евра во основната изведба

Кина во март качи на брод за 140 проценти повеќе електрични возила отколку во истиот месец лани. Според кинеското здружение за патнички автомобили, во минатиот месец од земјата биле извезени 349.000 електрични автомобили.

Најголемиот производител на електрични автомобили во светот, БИД, учествува со околу една третина во вкупниот извоз на ЕВ, а го следат Џили и Чери, како три најголеми извозници во април.

Растечките цени на горивата, поради војната во Иран, го вратија интересот на купувачите за електрични возила и хибриди. Салоните ширум Азија беа преплавени во изминатиот месец, од купувачи што бараа начин да се заштитат од непредвидливото движење на цените на горивата.

Уште не се пристигнати податоците од коишто ќе може да се процени, колку скокот на цените на горивата влијаел, за купувачите да се решат за електричен и хибриден погон. Податоци од Велика Британија, што беа објавени во почетокот на месецов, сепак покажаа рекордна побарувачка за електрични возила во земјата, за тој месец.

„Кинеските производители на автомобили можат брзо да ја зголемат испораката додека трае кризата околу Ормускиот Теснец,“ порачуваат од кинеското здружение. Слично реагираа јапонските производители на автомобили и го притиснаа светскиот пазар со модели со ниска потрошувачка на гориво, кога се случи големата нафтена криза во 1970-те години.

Додека извозот им цвета, кинеските производители на автомобили и натаму се соочуваат со проблеми на домашниот пазар. Тесла во април ја зголеми испораката на возила од својата фабрика во Шангај за 9 проценти, во време кога пазарот во земјата бележи пад од 24 проценти. БИД изгуби повеќе од 40 проценти од пазарот што го имал во истиот месец лани.

Вкупната продажба на електрични и хибридни возила во Кина во минатиот месец опадна за 14 проценти, на 848.000 возила. Трет месец во низа паѓа пазарот. Тоа е првпат по 2020 година, продажбата на ниво на квартал да е во пад.

Податоците за мартовската продажба првпат ги прикажуваат вистинските состојби на кинескиот пазар, без влијание на двонеделното празнување на лунарната нова година во Кина. Првпат се видливи последиците по укинувањето на државните субвенции што им помагаа на возачките и возачите да купат нов автомобил. Тоа посебно ги погоди подостапните лимузини и комбилимузини, чијашто продажба се скуси за 25 проценти.

Колку чини полнењето електричен автомобил, пример Донгфенг Бокс?

„Побарувачката беше погодена од зголемените трошоци и смалената купувачка моќ на клиентите, што доведе до општ пад“, соопштуваат од кинеското здружение. Возилата со електрифициран погон и натаму се продаваат на домашниот пазар повеќе отколку возилата со обичен погон.

Претходна објаваКупра Равал прва од квартетот електрични модели на Фау Ве со достапна цена
Следна објаваФолксваген се бори за лидерство и во ерата на електричните автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here