Kia ќе го вози светското првенство во фудбал

Тимовите, службените лица, делегатите и јавните фаци ќе се возат во моделите на Kia за време на претстојното првенство во фудбал во Бразил. Возниот парк се состои од 410 возила од целата гама на Kia.

На свечена церемонија на Арена де Сао Пауло, Kia го предаде на користење возниот парк од вкупно 410 возила од најразлични модели од целата своја гама, за превозот на тимовите, службените лица, делегатите и ВИП личностите да се одвива мазно и ефикасно за време на претстојниот светски куп во Бразил. Во возниот парк влегуваат стилскиот кросовер Sportage, како и знаменосецот во понудата на спортски теренци Sorento. За целото време на првенството ќе стои на располагање сервисен тим за возилата, 24 часа на ден.

 

Претходна објаваMini со пет врати личи на … личи на … кинески Lifan!
Следна објаваBMW го победи Audi во борбата со ласерските светла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here