за

Kia Sportage: Специјално „дарк“ издание за 30-годишнината

Важни бројки и големи достигнувања на Kia. Бестселерот на марката бележи 30 години постоење и преку 7 милиони продадени примероци во петте генерации.

Kia го одбележува јубилејот на својот најважен со специјална серија по повод 30-годишнината. Sportage беше меѓу првите СУВ-модели, во бранот што оттогаш нема сопрено. Во чест на успехот, со преку седум милиони продадени примероци, Kia го крунисува моделот со специјална серија – секако дека тоа е „феноменот“ Dark Edition.

Откако почна продажбата на моделот во 1993 година, СУВ-бестселерот на Kia низ генерациите постојано донесуваше иновации, постигнуваше револуции со дизајнот, а сето тоа заедно со квалитетна изработка и добро возење. Sportage во континуитет е најпродаван модел на Kia од 2015 година.

„Во изминатите 30 години, формулата за успехот на овој СУВ остануваше непроменета“, вели Александре Папапетропулос, директор за продукти и ценовно одредување во Kia Europe. „За да се одбележи годишнината на оваа иконска Kia, воведовме специјална серија, со којашто се навраќаме на 30-те години на Sportage, но пак гледаме напред кон иднината, со неговата електрифицирана погонска спрега.“

Специјалната Dark Edition, што ќе почне да се дистрибуира ширум Европа пред завршетокот на годинава, се одликува со низа ексклузивни дизајнерски обележја, вклучувајќи ја рамката во сјајна црна боја околу страничните прозорци и задниот спојлер со истиот финиш.

Отмен стил создаваат и новите елементи со финиш на темен хром, напред (околу магленките, лајсната во маската) назад (околу светлата за рикверц) и острана (во праговите). Специјалната серија се одликува и со нов дизајн на тркалата во црна боја со висок сјај. Меѓу останатите обечежја се затемнетите задни стакла (стандард на македонскиот пазар) и заштитните плочи во боја на темен хром.

Галерија Kia Sportage Dark Edition 30 Years

Ексклузивно за Dark Edition е достапна новата боја Wolf Gray. Може да се избира меѓу Deluxe White, Casa White, Pearl Black, Penta Metal и Experience Green.

Посебност во кабината внесуваат седиштата што се обложени со кадифе и вештачка кожа. Во луксузното ниво на опременост спаѓаат електрика за предните седишта, греење на седиштата и воланот, дополнето амбиентално осветлување. Dark Edition располага и со специјален пакет Midnight Green во внатрешноста.

Black Edition беше вистински хит во претходната генерација на Kia Sportage на македонскиот пазар, кога практично целата продажба на моделот отпаѓаше на моделот од специјалната серија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Благ хибрид е петтата погонска опција за Peugeot 308

Германија произведува повеќе електрични автомобили отколку дизели