Kia Soul доби погон на струја

7. KIA SOUL, продадени примероци 1,338 –

Впечатливо дизајнираната Kia Soul доби електрична верзија, која што Корејците ја претставија денес на салонот во Чикаго. Трендовскиот кросовер доаѓа во Европа наесен.

На авто салонот во Чикаго марката Kia денес го претстави првиот автомобил со погон на струја од сериско производство. Продажбата на електричната верзија на кросоверот Soul на пазарот во САД ќе стартува кон крајот на летото, а неколку месеци подоцна таа ќе се најде и во европските салони на Kia.

Soul EV ќе може да помине меѓу 130 и 160 километри со едно полнење на батериите. За погонот се користи електромотор со моќност од 110 КС и вртежен момент од 285 њутнметри. Електричниот Soul забрзува до темпо сто за помалку од 12 секунди, а крајната брзина е ограничена на 145 километри на час, заради поштедување на батериите. Според производителот, до 12 проценти од кинетичката енергија на возилото се регенерираат при сопирање и забавување. Во кабината нема поголеми разлики во споредба со обичниот Soul, поради тоа што батериите од 27 kWh се вградени во подот. Тежината на празно возило изнесува 1.472 килограми.

Kia Soul EV не е посебно развиен модел со впечатлив дизајн, како што тоа е случај кај Nissan Leaf или BMW i3, но сепак постојат неколку разлики во изгледот во однос на стандардниот модел. Предниот дел е повеќе закосен и измазнет, неколку подрачја се лакирани во контрастна боја, а бандажите имаат оптимирана аеродинамика. Покрај тоа, во 19 различни делови во кабината се користат органски биоматеријали, како на пример за облогите на вратите или во патосниците.

Корејците планираат да го воведат погонот на струја во повеќе модели. Паралелно ќе се појавуваат и модели со хибриден погон со надворешно полнење на батериите, а на подолгорочен план ќе следува и модел со погон на вородод.

Претходна објаваSsangYong доаѓа со нов концепт на теренец во Женева
Следна објаваПремиера во Женева: Овој автомобил вози на дизел од дрва

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here