за

Три модели на Kia шампиони во противвредност според американските новинари

Потрошувачкиот магазин US News & World Media редовно ги издвојува за своите читатели најдобрите производи и услугите. За три модели на Kia, тие велат дека нудат најдобра противвредност.

Три модели на Kia победија во годинешниот избор на автомобилите што нудат најдобра противвредност за парите, според американскиот потрошувачки магазин US News & World Media.

Моделите што добија високо признание годинава се Kia Sportage Hybrid, во категоријата на СУВ со хибриден погон со најдобра противвредност, потоа Kia K5 (автомобил од средна класа со најдобра противвредност) и Kia Rio ( градски модел со најдобра противвредност).

Изборот се состои од 12 категории, во коишто се наградуваат автомобилите и СУВ-моделите што претставуваат најдобар спој од долготрајна вредност и одлично корисничко искуство.

„Овие три награди за ‘Најдобри автомобили за парите’ од U.S. News & World Report сведочат за привлечноста и противвредноста на целата наша понуда од модели, од докажани имиња како Rio, до нашите најнови модели, како Sportage Hybrid SUV,” изјави Стивен Сентер, оперативен директор во американскиот огранок на Kia.

Иако целиме да го понудиме врвот во дизајнот, технологијата, перформансите и комфорот, признаваме дека противвредноста секогаш има највисока важност за нашите клиенти
Стивен Сентер, оперативен директор на Kia America

За победниците решаваат квалитетот и противвредноста. Квалитетот се одредува според резултатот што автомобилите го постигнале на тестирањето од страна на U.S. News & World Report, додека противвредноста се одредува со земање предвид на цената на возилото при препродажба и трошоците за период од пет години.

Kia Rio е модел што традиционално е присутен во понудата на марката на македонскиот пазар, додека хибридната изведба на Sportage се очекува во текот на годинава да ја збогати понудата на СУВ-моделот во Киа Македонија. Неофицијално, Sportage е најпродаван автомобил на домашниот пазар во минатата година, но е сосем извесно дека тоа ќе биде потврдено наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi S8

Audi победи на суд против кинескиот Nio

На марката Alpine ѝ тргна продажбата, A110 останува до 2026