Kia е одлично место за работа, покажува истражувањето

Kia постигнува одлични резултати во продажбата и добива високи оцени и од сопствениците на возило од марката. Но, и „третата“ страна е среќна со оваа марка: Вработените.

Kia и официјално е меѓу 20% најдобри вработувачи во светот. Новото признание што го освои корејската марка сведочи дека Kia е „Great Place to Work“, одлично место за работа.

Престижното одликување не се однесува само на вработените во европското седиште на Kia во Франкфурт (патем, македонската Киа е во директна надлежност на Франкфурт, без посредништво), туку и во 13-те седишта на марката ширум Европа. Од вработените во Kia на коишто им било понудено да учествуваат во истражувањето, дури 85 проценти одговориле на прашањата во анкетата.

„Great Place to Work“ е независна организација што на вработувачите им помага да создадат привлечна и позитивна работна средина. Признанието се добива врз основа на одговорите од стотици вработени во Kia, што доброволно учествуваа во истражувањето. Анкетата понатаму покажува дека 75% од вработените во Kia во Европа даваат позитивна оцена за својот работодавец.

„Горди сме на ова признание, затоа што ја докажува нашата постојана посветеност и напори за да направиме Kia во Европа да биде добар, позитивен вработувач, обврзан на ангажманот и развојот на својот персонал“, вели Франческо Мереи, директор за корпоративни функции во Kia Europe. „Преку создавањето работна средина што се темели врз доверба, со талентирани, способни и инспирирани вработени, ние прераснавме во една од најпривлечните компании во секторот за одржлива мобилност.“

Во прашалникот што го подготвува Great Place to Work, вработените одговараа на теми поврзани со работната средина, довербата во менаџментот, стратегијата на компанијата, гордоста што работата за компанијата, повластиците, објектите и чувството на сигурност.

Претходна објаваДиректорот за финансии на Tesla си замина
Следна објаваOpel Astra GSe по трагите на Kadett GSi на тркачките патеки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here