за

Opel Astra GSe по трагите на Kadett GSi на тркачките патеки

Директорите на трката со олдтајмери на Нирбургринг ќе возат хибридна Opel Astra GSe. Во исто време, во боксовите ќе биде поставен Kadett GSi 16V од сезоната 1990-та во ДТМ.

Трката со олдтајмери на Нирбургринг годинава ќе се одржи по јубилеен 50-ти пат. На легендарната тркачка патека, Opel од 11-ти до 13-ти август ќе биде присутен со повеќе возила.

Тоа што директорите на трката ќе ja возат актуелната Opel Astra GSe со приклучен хибриден погон, директно се поврзува со претходникот Kadett GSi 16V, којшто имаше славни поглавја на тркачките патеки, вклучувајќи го секако и Нирбургринг.

Покрај двете Astra GSe за директорите на трката, Opel Classic ќе изложи две тркачки возила за време на трката со олдтајмери, во соработка со Irmler Racing. Едното е Opel Kadett GSi 16V од сезоната 1990 во ДТМ (прочуениот германски шампионат со туристички возила), а второто е Vauxhall Astra GTE од 1989 година, подготвено за рели.

Kadett GSi го подготви теренот за спектакуларните успеси на Opel во ДТМ

Пред Omega и Calibra да почнат да пишуваат големи поглавја во историјата на ДТМ, компактниот Kadett GSi во 1989 и 1990 година одигра важна улога за Opel во ова славно првенство. Возачкото трио Петер Оберндорфер, Маркус Естрајх и Фолкер Штрајчек му донесоа вредно искуство на Opel Motorsport во најважната германска тркачка серија. Автомобилот што ќе се појави во трката годинава е последниот преостанат Kadett од ДТМ од 1990 година.

Освен на тркачките патеки, Kadett GSi 16V се тркаше и во рели. Во 1999 година, Сеп Хајдер и Фердинанд Хинтерлојтнер со овој автомобил го освоија германското првенство во рели. Поранешниот возач во Opel-Junior, Кристоф Шлајмер, во 2003 година подготви Vauxhall Astra GTE според спефицикациите за Група А. Овој редок автомобил ќе биде изложен од страна на Irmler Racing, заедно со Kadett од ДТМ.

Astra GSe е врв во гамата на компактот од Риселсхајм, со спој меѓу врвни возни својства и лимузински комфор

За директорите на трката се резервирани две Astra GSe. Станува збор за модел со приклучен хибриден погон, којшто за разлика од спортски стилизираната Astra GS има зафати и во механиката. Со погонска спрега што се состои од 1,6-литарски бензинец со 180 КС и електромотор со 110 КС, што дава системски 225 КС и 360 Nm, тоа е врвен модел во гамата на Astra.

Со батерија од 12,4 kWh, спортската електифицирана Astra може да мине до 73 километри со полна батерија.

Посебност на GSe претставува подвозјето со специјални амортизери Koni FSD, што прават одличен спој меѓу спортски својства и врвен комфор. Подвозјето е спуштено 10 милиметри. Зафати има и во управувањето, во сопирачките, во бројни подрачја. Седиштата исто така се ексклузивност на топ-моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia е одлично место за работа, покажува истражувањето

Рекордно полугодие за Lamborghini, Revuelto распродаден до 2025