Директорот за финансии на Tesla си замина

Главниот сметководител на Tesla ќе ја преземе функцијата на директор за финансии, откако досегашниот менаџер Киркхорн си заминува по повеќе од една деценија работа во компанијата.

Ваибхав Танеџа, актуелен главен сметководител во Tesla, станува нов директор за финансии кај пионерот на електричните автомобили, продолжувајќи го досегашниот ангажман.

Tesla објави дека Закари Киркхорн си заминува од местото на директор за финансии и на негово место го назначува главниот сметководител, Индиецот Ваибхав Танеџа.

Киркхорн, ветеран во Tesla со 13 години работно искуство во компанијата, ќе остане на должност во Tesla до завршетокот на годинава.

Фирмата со којашто раководи Илон Маск не ја посочи причината за заминувањето на Киркхорн.

„Посебно е искуството да се биде дел од оваа компанија и исклучително сум горд на работата што ја завршивме, откако почнав да работам пред 13 години“, објави Киркхорн на професионалната мрежа LinkedIn.

Танеџа, 45-годишник, работи на местото на главен сметководител од 2019 година. Тој претходно обавуваше други работни функции во компанијата што е специјализирана за електрични автомобили. Неговото работно искуство пред Tesla вклучува и ангажман во индискиот и американскиот огранок на PricewaterhouseCoopers.

Ненадејното заминување внесува нова неизвесност околу Tesla, додека компанијата ги подготвува производствените погони за пикапот Cybertruck, што ќе почне да се испорачува кон завршетокот на годинава. Ситуацијата во Tesla е дополнително неизвесна и поради зголемената конкуренција на пазарот на електрични возила. Компанијата со седиште во Остин/Тексас, од почетокот на годинава драстично ги смалува цените, со цел да ја задржи својата висока позиција на пазарот.

Пред Киркхорн да стапи на функцијата на директор за финансии во почетокот на 2019 година, на возраст од 34 години, Tesla долго време бележеше загуба, вклучувајќи и периоди кога за едно тромесечје губеше и по 1 милијарда долари готовина. Оттогаш, компанијата работи профитабилно и го врати долгот во висина од 10 милијарди долари во последните три години. Тоа ги смири и инвеститорите.

Киркорн, диломец на Универзитетот Пенсилванија, почна да работи во Tesla во март 2010 година, како виш аналитичар во одделението за финансии. Тојо работеше во време кога директори за финансии беа Дипак Ахуџа и Џејсон Вилер.

Претходна објаваФранција ќе потроши 1,5 милијарда евра за развој на нов вид батерии
Следна објаваKia е одлично место за работа, покажува истражувањето

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here