Киа во ноември имаше историски рекорд во САД

Шеснаесет пати, Киа месец за месец постигнува подобри продажни резултати отколку во содветните месеци во претходната година на големиот пазар во САД.

За бројките што Киа има да ги објави за својата продажба во САД годинава, вредно е да се ангажираат некои од најпознатите најавувачки гласови на тамошните спортски натпревари. Корејската марка втора година надминува продажба од 700.000 возила во САД. За тоа да се случи годинава, беа доволни и единаесет месеци.

Киа во ноември продаде 58.338 возила во САД и со тоа го постигна најдобриот ноемвриски резултат во историјата. Во споредба со лани, тоа се за 3 проценти повеќе возила.

Рекордниот ноември ѝ помогна на Киа да постигне и нов рекорд на годишна продажба. За единаесет месеци се продадени 722.176 возила, повеќе од лани, кога марката веќе прославуваше рекордна година.

Солидни бројки постигнуваат и електричните возила. Дури и повеќе од солидно, затоа што нивната продажба за 11 месеци забележа раст од 120 проценти. Предводничката на електро-региментата, Киа ЕВ6, во ноември годинава беше за 101 процент подобра од лани. Во сите 50 сојузни држави се почнати и нарачките за СУВ-седумседот и знаменосец, ЕВ9, којшто е точно погоден за тамошните возачки и возачи.

„Побарувачката за возилата на Киа останува на историско рамниште и тоа што нашиот досегашен продажен рекорд го надминавме за помалку од 11 месеци, сведочи за моќта на Киа како марка и за растечката понуда од издржливи и способни СУВ-модели, спортски лимузини и иновативни ЕВ,“ кажа Ерик Вотсон, заменик директор за продажба во Киа Америка. Тој потсетува и на освеженото моделско годиште на луксузниот Соренто, од кого што се очекува да даде силен поттик и в година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Седум модели пораснаа со продажбата во ноември: Карнивал (+202 проценти), ЕВ6 (+101 проценти), К5 (+13 проценти), Спортаж (+4 проценти), Селтос (+3 проценти), Телјурајд (+3 проценти) и Форте (+1 проценти). На СУВ-моделите отпаѓаат 71 процент од продажбата во САД и тоа не е изненадување. Електричните и хибридните модели учествуваат со 45 проценти во ноемвриската продажба во САД.

Ноемвриска продажба на КИА во САД
Модел Ное’2023 2023
ЕВ9 5 5
ЕВ6 1290 17630
Рио 1785 25525
Форте 9849 114377
К5 5112 59906
Стингер 20 5441
Соул 3601 57864
Ниро 2366 33859
Селтос 4214 55628
Спортаж 11010 129647
Соренто 6872 80886
Телјурајд 8810 101324
Карнивал 3404 40084
Вкупно 58338 722176

Kia Sportage на дело: По стариот пат преку Богомила до Прилеп

Претходна објаваМак Аутостар: Речиси театарска премиера на Мерцедес ЦЛЕ
Следна објаваТесла Сајбертрак почнува од 61.000 долари, далеку над најавите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here