Тоа што стручните дами ги освои најмногу кај Киа ЕВ9 се просторноста, изобилството од технологија, нормално, заокружено со добра цена според тоа што го нуди електричниот СУВ со седум седишта.
Најдобар СУВ според светските автомобилски дами за 2024 година е електричната Киа ЕВ9. На седумседот со најнапредната технологија на електричен погон што ја нуди сцената, му припадна титулата на најдобар СУВ во изборот на светски автомобил на годината, според дамите.
Менаџерите и фановите на Киа може да се надеваат дека ЕВ9 оставил уште подлабок впечаток, затоа што на автомобилските дами им претстои и завршниот круг гласања, во којшто ќе се решава за најдобриот од сите најдобри автoмобили во одделните категории на изборот за Дамски светски автомобил на годината.
Тоа е веќе традиција и сосем е разбирливо дека конечниот победник ќе се објави на 8-ми март, Денот Ж.
„Неизмерно сме горди за триумфот на ЕВ9 во изборот на Дамски светски автомобил на годината,“ кажа Стивен Сентер, оперативен директор на Киа Америка. „Ова достигнување е посебно важно, имајќи предвид дека целосно електричната ЕВ9 се избори за победа во силната конкуренција во категоријата на СУВ, во којашто се соочи со разновиден арсенал од конкуренти од светски ранг. Оваа награда е мотивациска сила, за Киа за продолжи да ги поместува границите и да ги надмине очекувањата.“
Киа ЕВ9 им остави впечаток на дамите во повеќе категории, со посебна напомена на просторната внатрешност со место за седум патници. Дамското жири ги оцени одлично и иноивативниот дизајн, високо-технолошката внатрешност, двонасочното полнење и ултра-брзото 800-волтно полнење.“
Марта Гарсија, претседателка на Дамскиот светски избор на автомобил на годината наоѓа за ЕВ9 дека „нејзината цена е мошне конкурентна во споредба со останатите модели во својот сегмент.“
Дамското жири го сочинуваат 75 новинарки од 52 држави. За победниците се решава меѓу 62 кандидати, што се оценуваат во безбедност, квалитет, вредност, дизајн, перформанси и влијание врз животната средина.
















