Фолксваген ја испорача досега најголемата нарачка за електрични возила во Швајцарија. Компанијата за производство на фотоволтаици Хелион, што воедно нуди и топлински пумпи и системи за полнење за електрични автомобили, ги презеде своите 100 електрични Фолксваген ИД Баз Карго.
Електричните Баз ќе ги заменат досега користените сервисни возила со мотори со внатрешно согорување. Екосистемот се заокружува и со тоа што енергијата за полнење на возниот парк од електрични возила, Хелион секако дека ја произведува користејќи ги сопствените соларни панели.
За секојдневната работа да врви беспрекорно, Хелион вложи во мрежа од полначи и сите свои подружници ги снабди го полначи. На своите вработени, што имаат можност да постават полнач во кругот на сопствениот дом, компанијата им ги покрива трошоците, односно им нуди поволни услови за финансирање.
Бидејќи кругот што го покриваат сервисните возила обично досега до 100 километри, возилата само во исклучителни случаи ќе мора да ги користат јавните полначи.
Хелион планира преку својот возен парк од елеткрични возила да ја смали својата емисијата на ЦО2 за 300 тони годишно.
















