Киа ЕВ6 е најбрз електричен автомобил на мраз

Киа ЕВ6 во најсилната изведба ГТ се докажа на уште еден тест. Таа постави нов светски рекорд за најбрза просечна брзина постигната со електричен автомобил на мраз. Рекордот е 247,88 км/ч.

Рекордот беше поставен за време на Спид Викенд, организиран од Ландрејсинг, на замрзнатото езеро Сандвикен во Шведска. Возачот Јоаким Диреданд од магазинот Елбилен, со Киа ЕВ6 ГТ со нејзините 650 КС, постигна просечна брзина од 247,88 км/ч мерена на должина од еден километар.

Со овој потфат, ЕВ6 ГТ стана најбрз електричен автомобил што возел во оваа категорија на мраз. Мерењето е најверодостојно и беше извршено од калифорниско здружение за верификација на брзински рекорди, што меѓу другото е надлежна за мерење на рекордите на „соленото езеро“ Боневил.

Киа почна да ја продава ЕВ6 ГТ во 2022 година и тогаш беше прогласена за светски автомобил на годината во категорија на возила со високи перформанси. Новото годиште на кросоверот располага со уште поголема сила и наскоро ќе почне да се испорачува.

Погонот на сите тркала испорачува 650 КС при активиран „ракетен старт“, односно 609 КС во модус ГТ, што се вклучува преку копче на воланот. Спринтот до темпо сто трае 3,5 секунди, крајната брзина изнесува 260 км/ч. Тоа прави ЕВ6 ГТ да биде најбрза Киа во историјата.

[the_ad id=”85764″]

За возачкото чувство да биде слично на модел со обичен погон, може да се користи виртуелно менување на степените, преку рачките зад воланот. Притоа се произведува и посебен звук, а удел во врвната динамика има и електронски контролираното подвозје.

Предизвикот при возење на мраз е слабото триење со подлогата. Поради тоа, при рекорди од ваков вид се користат посебни гуми со спајкови.

Претходна објаваМерцедес ќе пушти хуманоидни роботи да работат во фабрика во 2030 година
Следна објаваТојота Ланд Крузер · Тест · Најспособниот теренец е лимузина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here