Таа е познат лик од готварските шоуа во Британија и по повод Корејската Нова година приготви цел оброк, користејќи шпорет, наменски приклучен на спортскиот кросовер на струја на Киа, на ЕВ6.
Џуди Џу, шеф-готвачка што е позната и надвор од Британија, ѕвезда на бројни шоуа, вклучувајќи ја Сатрдеј Кичен, во новото видео прикажа како класичниот корејски специјалитет може да се приготви и надвор од удобството на домашната кујна – на пример, во природа, со струја директно од електрична Киа ЕВ6.
Кросоверот со бројни титули, меѓу кои и наслов на европски автомобил на годината, располага со два посебни приклучоци, што се наменети точно за приклучување секојдневни електрични уреди, од шпорет, до телевизор. Џури ја користеше оваа функција на Киа, што се води како В2Л, за да напојува фритеза и индукциско решо.
Киа ЕВ6 по овој повод беше посебно украсена во дизајн на „Сеул Фуд“ од корејската дизајнерка што работи во Брајтон, Дејзи Ченг. Во дизајнот е присутен и мотив на пиле, по инспирација од корејскиот феникс.
Претходно истражување покажа дека една третина од Британците се одушевени од корејската култура (32%), а потоа и од „Сквид гејм“ (19%) и од пилешко на корејски начин (18%). Дури 42 проценти од испитаниците би ја посетиле земјата.
Истото истражување понатаму покажало дека 68% од Британците пробале корејско пилешко, а на 55% им е познат и вкусот на кимчи. Еден од тројца пробал бибимбап (ориз со зеленчук и месо), а 28 проценти булгоги (маринирано и печено говедско).
Џуди Џу зборува за феноменот: „Корејската кујна стана глобална сензација, и одушевувањето е реално.“ Одлики на далечната кујна се препознатливи и силни вкусови, бои и наследство, додава шефицата.
















