
Под притисок од кинеските соперници, концернот Стелантис и групацијата Рено вложуваат големи напори за да ги скусат трошоците за електричните возила, и да постигнат, цената и заработката да бидат слични со моделите со мотор со внатрешно согорување, модели со МВС.
Европските производители се вложуваат во развој на подостапни електрични автомобили, коишто се поскапи од споредливите модели со мотор со внатрешно согорување. Тоа се случува во време кога забави растот на пазарот на електрични автомобили.
Покрај слабо разгранетата мрежа од полначи, голема пречка за поширока прифатеност на возилата со нулта емисија на штетни материи се високите цени на електричните автомобили.
„Доколку работев на кус рок, веднаш ќе ја зголемев мојата продажба на електрични возила, едноставно со тоа што ќе ги спуштев маржите,“ изјави извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, откако компанијата во минатата недела ги објави резултатите за ланската деловна година. Шефот воедно предупреди дека престои уште една турбулентна година.
Пристигањето на поевтините кинески електрични автомобили внесе нов притисок, за европските производители на автомобили да го забрзаат развојот на подостапни модели.
„Секако дека сите се обидуваме да ги скусиме трошоците за ЕВ,“ со цел да се постигне цената да биде споредлива со моделите со МВС, им кажа на аналитичарите шефот на Рено, Лука де Мео, на прашања околу цените и профитабилноста.
Де Мео вели дека скусувањето на цените ќе биде полесно кај помалите автомобили, затоа што производителите можат да ја смалат батеријата. Таа обично учествува со околу 40 проценти во цената на ЕВ. Тоа, пак, значи дека пак ќе останат високи цените на моделите со поголеми батерии.
Говорот на де Мео следуваше откако Рено ги објави деловните резултати за 2023 година. Рено планира годинава да пушти во продажба 10 нови модели, вклучувајќи го важниот целосно електричен Р5, како и новите Сеник и Рафал.
Производителите на автомобили се соочуваат со предизвикот да постигнат баланс, кога од една страна треба да ги скусат цените на ЕВ, додека од друга страна треба да ги скусат трошоците, за да го постигнат профитот што го бараат инвеститорите.
Лани во октомври, Ситроен, марка на Стелантис, го претстави новиот електричен СУВ-модел е-Ц3, што во Франција ќе стартува од 23.300 евра. Француската марка со овој модел цели кон кинеските ривали, во делот од пазарот што им припаѓа на најдостапните ЕВ.
„Нашата мисија е да ги скусиме трошоците колку е можно побрзо, за да ги апсорбираме дополнителните трошоци од електрификацијата и ЕВ да ги продаваме по иста цена како автомобилите со МВС, бидејќи Кинезите знаат како да го направат тоа,“ кажа Тавареш.
Со опаѓањето на цените на суровините за батерии, Тавареш вели дека се смалува и маржата меѓу ЕВ и моделите со МВС, како и дека тој сака да го забрза процесот.
Фиат 500 во Италија во моментов се продава по цена од 17.700 фунти, според вебсајтот на марката, додека Фиат 500е, целосно електричен модел врз посебна платформа и со многу повисока спецификација, се продава за 28.950 евра. Дури со субвенциите и сите повластици, цената доаѓа до 23.450 евра.
„Важната порака е прво да ги скусиме трошоците, а потоа да ги скусиме и цените, откако ќе се обидеме да ја осигураме маржата за автомобилот,“ кажа директорот за финансии на Рено, Тјери Пиетон, на прашањето од аналитичарите околу неодамнешното смалување на цените кај електричниот Меган.
Пиетон кажа дека електричниот Сеник ќе биде лансиран годинава и ќе почнува малку под 40.000 евра.
„Ако ја гледаш конкуренцијата, вклучувајќи ги кинеските конкуренти, Сеник ќе биде позициониран многу добро,“ кажа директорот.















