Во првите шест месеци од годинава корпорацијата Kia продаде близу 1,4 милион возила, односно за 2,6 проценти повеќе од истиот период лани. Најпродаван модел е Rio.
Најголемиот пораст во продажбата е постигнат во Кина, со плус 23,1 проценти, односно со вкупно 291.125 продадени возила, по што следи Европа, каде што продажбата се зголеми за 3,7 проценти, на 296.543 возила. Намалување има во Кореја (-5,3%) и во Северна Америка (-4,3%), со 226.404, односно 313.976 возила. Во јуни купувачите на возило од марката најмногу се решаваа за моделот Rio, втор најпродаван модел е Sportage, по што следат Cerato, Optima и Sorento.