Kia обезбеди 447 возила за европското првенство во фудбал

Возниот парк за претстојното европско првенство во фудбал ќе го сочинуваат 447 возила од Kia. Возилата денес беа свечено предадени на стадионот Сен Дени во Франција, пред почетокот на првенството на 10-ти јуни.

Како официјален спонзор на европското првенство во фудбал, Kia Motors испорача возен парк од 447 возила за превоз на националните фудбалски тимови, судиите, претставниците, делегатите и јавните личности во рамките на UEFA EURO 2016. Над осумдесет претставници од Kia и партнерот Hyundai учествуваа на церемонијата што се одржа на Сен Дени.

Возниот парк се состои од кросоверот Sportage, лимузината Optima, спортскиот теренец Sorento, компактниот ван Carens, урбаниот кросовер Soul и целото моделско семејство на компактот Ceed. За возилата ќе стои на располагање сервисен тим со 24-часовна поддршка. Kia е партнер на европското првенство во фудбал уште од 2008 година. Според Јонг-Вон Чо, потпретседател за маркетинг за извозните пазари во Kia Motors, учеството на марката во оваа популарна спортска манифестација придонесува „луѓето од цел свет да се зближат со марката Kia и да ги доживеат нашите вредности, како производител на квалитетни автомобил за млади во срце.“

Претходна објаваClio со 275 КС за јубилејот на Renault Sport
Следна објаваГига-фабриката за батерии на Tesla се отвора на 29-ти јули

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here