Kia ги објави првите цртежи од новиот Sorento

Kia Motors ќе ја претстави новата генерација на големиот спортски теренец на салонот во Лос Анџелес во ноември. Набрзо потоа Sorento ќе стартува со продажбата и во Европа.

Kia ги објави првите официјални цртежи од новата генерација на Sorento. Големиот спортски теренец ќе биде претставен во ноември годинава на салонот во Лос Анџелес, а неколку месеци подоцна ќе следува и неговата премиера на европска почва. Sorento најавува комплетно нов дизајнерски правец на корејската марка, како во надворешноста, така и во кабината. Моделот и натаму ќе се нуди исклучиво во изведба со погон на сите тркала. Под хаубата ќе работи 2,2-литарскиот дизел, којшто во актуелната генерација постигнува 197 КС.

kia sorento 2015-2

Претходна објаваКинески студенти го пробија кодот на Tesla Model S
Следна објаваГермански статистики: Овие пет марки најчесто завршуваат под преса

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here