Kawasaki Versys 650: Универзалец за забава и за долги тури

Kawasaki има неколку интересни алтернативи на моделите од конкурентите во средната класа. Versys прави спој меѓу машина за долги тури и за забава и значително се подобри во споредба со претходникот.

Продажбата на Kawasaki Versys 650 никогаш не заживеа вистински и моделот не успеа да се приклучи на големиот успех на сродните ER-6n и ER-6f. Причината за тоа може да се бара во необичниот дизајн на предните светла поставени едно над друго исто како и во повисоката цена за околу 1.000 евра или во моќноста што е пониска за осум коњски сили. Но, факт е дека додека сестринските модели постојано беа на врвот во продажните статистики, Versys заостануваше далеку со бројките од продажбата.

Оттаму не зачудува тоа што во новата генерација Kawasaki се посвети најмногу во овие подрачја. Моторот доби шест коњски сили повеќе и сега располага со 69 КС, светлата се поставени едно до друго и добија подинамичен дизајн. Единствено цената не се промени и Versys и натаму е околу 1.000 евра поскап од ER-6n.

Versys се одликува со универзален карактер

Ако се земе во предвид противвредноста, повисоката цена сепак не е претерана. Versys е мотоцикл што може брзо да се вози по тесни свијоци, но во исто време одговара и за подолги тури, за што фабриката нуди и соодветни куфери. Ветробранот исто така е зголемен речиси двапати и може да се мести шест сантиметри по висина. За тоа мотоциклот сепак треба да е во мирување, за ветробранот да се дотера со двете завртки. Долгите тури се попријатни и поради тоа што потпирачите за нога се спуштени за 1,5 сантиметар. Резервоарот има 21 место 19 литри, а и носивоста се зголеми за 30 килограми.

Новиот Versys ги надмина сите недостатоци кај претходната генерација
Новиот Versys ги надмина сите недостатоци кај претходната генерација

Промените во новиот Versys влијаат најмногу на погодноста за долги тури. Седењето е покомфорно и порелаксирано, за што придонесува и подвозјето. Предната вилушка сега е од Showa и располага со големо подрачје за местење на тврдоста на амортизацијата, додека назад работи осцилирачка вилушка од Kayaba. Во споредба со претходникот, амортизацијата не се мести, но во секој случај работи подобро. Хидрауличната предзатегнатост на пружините може да се фиксира со кружниот стегач.

Моторот е стар познајник од претходникот. Двоцилиндарецот во линија доби пет коњски сили повеќе првенствено со вградувањето на едноделен издув од благороден челик. Два од трите држачи на моторот сега се влежиштени во гума, заради намалување на пренесувањето на вибрациите во држачите за нога. Kawasaki ги подобри и сопирачките, коишто кај претходникот бараа силна рака и реагираа слабо. Сегашниот систем со пливачки клешти гризе посилно, но и дозирањето е подобрено. Пречникот на задниот диск се зголеми од 220 на 250 милиметри.

Во новата генерација, Versys се снаоѓа подеднакво добро и како машина за забава и како патнички мотоцикл. Со доплата може да се добие покажувач на степените на пренос во таблата со инструменти. Недостига единствено отсуството на главен штендер, поради новиот издувен систем.

Претходна објаваToyota и Mazda влегуваат во потесна соработка
Следна објаваТунелите не му се совладани на овој рели возач на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here