Kawasaki ја претстави Ninja 650 за секојдневен ангажман

Како дел од новиот пристап во средната класа, Kawasaki ја претстави Ninja 650, наменета за купувачите кои сакаат препознатливиот стил на Ninja да го добијат во мотоцикл што е едноставен за секојдневието. Пазарните истражувања покажаа дека постои солиден круг купувачи на коишто оваа комбинација им е атрактивна.

Водено ладениот двоцилиндарец со 69 КС е оптимиран за моќно повлекување при ниски и средни вртежи, развиен од познатиот паралел-твин мотор од серијата ER. Техничарите успеаја да постигнат и намалување на потрошувачката за 6,8 проценти. Со примена на рамка Trellis по пример на Ninja H2 и алуминиумска задна вилушка, тежината на Ninja 650 е намалена за импресивни 19 килограми.

Моќта и контролата на ABS-сопирачките се подобрени со примена на нови клипови Nissin, додека хоризонталното дотерување на задната вилушка по пример на Ninja ZX-10R внесува дел од фамозната управливост на моделското семејство Ninja.

Седењето е изведено ергономски соодветно на намената што ја има замислено Kawasaki, Ninja 650 да се користи за секојдневно возење до работа и назад и за спортска тура за време на викендите. Во Kawasaki се убедени дека новиот пристап во средната класа и новиот стил на Ninja ќе прерасне во хит меѓу европските возачи.

[FAG id=25689]

Претходна објаваKawasaki со нов спортски знаменосец на Интермот
Следна објаваЕлектромобилност предлага државна стратегија за електрификација на транспортот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here