Канцеларот Шолц вели дека германските производители не треба да стравуваат од азиските ривали

Германскиот канцелар Олаф Шолц сликан додека држи говор на салонот ИАА Мобилити во Минхен

Канцеларот Олаф Шолц ги охрабрува германските производители на автомобили да се соочат со конкуренцијата од азиските ривали и да не се плашат од подемот на кинеските прозиводители на електрични автомобили.

„Конкуренцијата треба да нé поттикне, но не и да нé исплаши,“ кажа Шолц во вторникот, во говорот на салонот на автомобили ИАА Мобилити во Минхен, напоменувајќи дека „неоспорна е конкурентноста на Германија како авто-нација во светски рамки.“

„Да, добри автомобили исто така се произведуваат и развиваат и вон Германија“, додаде канцеларот. Тој кажа и дека не може „да замисли друга локација во светот, којашто располага со толку богато искуство во автомобилскиот инженеринг“, како најголемата економија во Европа.

Германските марки, првенствено BMW, Mercedes и Audi, долго време владееја со продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување од премиум сегментот во Кина. Европските производители, сепак премногу бавно реагираа на брзото префрлување на Кина кон електрични возила.

Предводени од BYD, кинеските производители на автомобили, до завршеткот на деценијава речиси ќе го удвојат својот удел на светскиот автомобилски пазар, на 33 проценти. Тоа е наведено во истражувањето што аналитичарите на UBS го објавија во минатиот месец.

BYD годинава ја престигна Volkswagen Group како производител со најголема продажба во Кина. Mercedes ги скуси цените за својот електричен знаменосец, откако продажбата на моделот почна бавно кон завршетокот на минатата година.

До завршетокот на деценијава се очекува електричните автомобили и приклучните хибриди да учествуваат со 90 проценти на најголемиот пазар на автомобили во светот. Притисокот дополнително се зголеми откако Tesla ја започна ценовната војна во Кина.

Шолц кажа дека „не е случајност“ тоа што Tesla ја изгради својата европска фабрика во источниот дел на Германија, во сојузната покраина Бранденбург, како и тоа што Ford реши во Келн да произведува електрични автомобили за европскиот пазар. „Тоа е доказ за капацитетот на нашата земја“, цени канцеларот.

Во посебен говор, Шолц најави масовно вложување во проширувањето на мрежата од станици со полначи за електрични возила.

Канцеларот најави дека во следните недели Германија ќе стане „прва земја во Европа, што ќе воведе закон со којшто од операторите ќе се бара 80 проценти од сите сервисни станици да обезбедат брзи полначи со моќност од најмалку 150 киловати за електричните автомобили.“

Со овој потег ќе се постигне стравот околу досегот на електричните автомобили да стане минато, додаде Шолц.

Претходна објаваMercedes E-Class за пред театар и за видиковец
Следна објаваГерманските автомобили претешки за француските даноци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here