Германските автомобили претешки за француските даноци

Големите и силни модели на германските производители на автомобили би биле претешки за планираното заострување на казнениот данок во Франција.

Плановите на француската влада за заострување на посебното даночно оптоварување при купување многу тежок автомобил би можеле посебно да ги погодат германските модели од високата класа.

Границата на тежина над којашто се плаќа дополнителна давачка за автомобилите во моментов е поставена на 1,8 тон. Според пишувањата на медиумите, од следната година се планира границата да се спушти на 1,6 тон.

Како што во средата објави „Ле Ехо“, раководејќи се според постоечките регистрирани автомобили, од промената на законот би биле погодени околу девет проценти од сите нови возила.

За секој килограм над границата би се плаќале еднокатно десет евра. За автомобил што е 200 килограми над граничната вредност, тоа би значело дополнителни 2.000 евра оптоварување за сопственците на возила.

Намалувањето на тежинската граница воопшто нема да ги погоди француските марки, кaко Peugeot или Citroen, додека Renault има неколку модели што би биле погодени од данокот.

Данокот што уште се нарекува и „СУВ-данок“, ќе влијае значително врз автомобилите од германските прозиводители, како BMW, Mercedes или Volkswagen. Исто и за Hyundai ќе мора да се смета на повисоки даноци.

Здружението на дилери со странски марки во Франција го критикуваше планираното заострување, затоа што директно трпат потрошувачите. Зголемувањето на тежината на автомобилите во најголем дел се должи на подобрувањето на безбедноста, наведуваат оттаму.

Сопствениците на многу тешки автомобили може да бидат оптоварени и со други давачки во Франција. Некои градови, како Париз и Лион, планираат да воведат поскапо паркирање за многу тешки автомобили.

Претходна објаваКанцеларот Шолц вели дека германските производители не треба да стравуваат од азиските ривали
Следна објаваДомашен пазар во јули: Ceed пред Sportage, Škoda најпродавана

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here