Групацијата Tata ќе изгради фабрика за батерии за електрични автомобили на Jaguar и Land Rover во Обединетото Кралство, објавија денес од компанијата и од британската влада. Тоа е важен настан за автомобилската индустрија во земјата, на којашто од суштинско значење ѝ е да произведува батерии дома, за на тој начин да се обезбеди иднината на фабриките за автомобили во земјата.
Фабриката ќе испорачува за батерии за идните електрични модели на Jaguar Land Rover, по ново JLR. Батериите ќе се вградуваат во електричните автомобили на Range Rover, Defender, Discovery и Jaguar – коишто по неодамнешните промени се новите четири марки на групацијата. Можно е од фабриката да се испорачуваат батерии и за останатите производители на автомобили, објави владата во денешното соопштение. Производството се очекува да започне во 2026 година.
Фабриката се планира да располага со капацитет од 40 гигаватчасови, што е доволно да се снабдат околу половина милион електрични автомобили на годишно ниво, зависно од големината на батеријата.
Со месеци се шпекулираше за местото коешто Tata, индискиот конгломерат каде што припаѓа JLR, ќе го избере за да ја изгради фабриката. Tata првично имаше намера да ја изгради фабриката за батерии во Шпанија. Со изборот на Обединетото Кралство, воедно ќе се обезбеди иднината на фабриките на JLR на домашниот пазар.
Фабриката е голема победа за Британија, коајшто се обидува да фати чекор во глобалната трка за градење локални капацитети за батерии за електрични возила. Тоа е суштинско за производителите на автомобили, коишто бараат тешките батерии да се произведуваат во близина на нивните фабрики за автомобили.
BREAKING: Tata Motors has unveiled plans to build an electric car battery factory in the UK, with plans to invest more than £4bn.
Prime Minister Rishi Sunak has declared the new plant will create thousands of skilled jobs across the country.https://t.co/HkYIK5Azti
📺 Sky 501 pic.twitter.com/KvCFEUjDEn
— Sky News (@SkyNews) July 19, 2023
Британците беа загрижени околу американскиот Акт за намалување на инфлацијата, којшто им ветува субвенции во висина од стотици милијарди долари на „зелените“ индустрии. Министерот за финансии Џереми Хант кажа дека владата не располага со толкава сума пари за подршка на производството на електрични возила и батерии за нив.
Домашното производство на батерии исто така ќе им помогне на британските производители на автомобили да ги испочитуваат правилата за трговија по Брегзит, коишто од нив бараат поголем дел од компонентите во електричните возила да бидат од локална продукција. На тој начин ќе се избегнат царински оптроварувања во трговијата меѓу ОК и ЕУ по 2024 година.
Владата претходно објави дека води преговори со ЕУ, за олеснување на тие правила, откако доби предупредување од Stellantis, концернот на којшто му припаѓа британската марка Vauxhall. Шефот Карлос Тавареш се закани дека ќе биде присилен да ги затвори фабриките и да загуби илјадници работници, доколку мора да се соочи со царински оптоварувања.
Владини субвенции
Tata наведува дека во фабриката ќе вложи 4 милијарди фунти. BBC објави дека владата би обезбедила субвенции во вредност од стотици милиони фунти, за инвестицијата на Tata. Владата не одговори веднаш со детали, каков вид подршка обезбедила, како дел од спогодбата.
Tata to build £4bn UK battery factory to supply Jaguar Land Rover https://t.co/FDERHmMsX6
— Financial Times (@FinancialTimes) July 19, 2023
Изборот фабриката да се гради во Британија ќе даде поддршка и за владата на премиерот Риши Сунак, кој најави низа проекти со нулта емисија, вклучувајќи и престанок на продажба на нови возила со бензински и дизел мотор по 2030 година.
Владата наведува дека фабриката ќе отвори работни места за 4.000 лица, а дополнителни вработувања ќе следат и во синџирот на добавувачи.
Според британските медиуми, Tata избрала локација во Сомерсет, на југозападот на Англија.
Агратас, oгранокот за батериски ќелии на Tata, којшто гради две фабрики – една во Индија, друга во Европа – во почетокот на месецов објави огласи за вработување во фабрика за батерии лоцирана во Кралството.
















