Jaguar ја одложи премиерата на идниот знаменосец XJ, што ќе вози чисто на струја. Лимузината со име што некогаш значеше многу на сцената, трпи жртва од кризата во којашто подолго време се наоѓа Jaguar Land Rover.
Новата генерација на Jaguar XJ, што ќе биде достапен само со електричен погон, нема да се појави на сцената порано од крајот на 2021 година. Британскиот производител мора да ги скуси трошоците, откако слабата продажба, а потоа и корона-кризата, го доведоа во прашање опстанокот на компанијата.
Прототипите од тестирањето на ривалот на Tesla Model S и на идниот Mercedes EQS неодамна беа снимени од специјализираните фотографи. Првичниот план беше лимузината со погон на струја да биде претставена пред крајот на годината, за продажбата потоа да стартува во почетокот на следната година. Според „Сандеј Тајмс“, плановите се одложени, за Jaguar Land Rover да се посвети во производството на неколкуте модели што се продаваат повеќе.
Jaguar Land Rover е во сопственост на индиската групација Tata и силно е погоден од корона-кризата. Како излез од кризата, компанијата ги скусува трошоците во сите подрачја што не се неопходни за опстанокот. Поради значењето на моделот XJ за имиџот на марката, Jaguar сепак ќе го лансира моделот, иако првично и тој требаше да се одложи за неодредено време.
Кризата во Land Rover се пренесе и во DHL

















