Jaguar F-Type Coupe: Оваа мачка е за здивување

Британците го покажаa купето од F-Type во Токио и во Лос Анџелес. Најевтината варијанта чини околу 70.000 евра, за врвниот модел со 550 КС се потребни 100.000 евра. Здивување насекаде.

Во Jaguar не ја кријат гордоста на нивниот нов модел: „F-Type Coupe е најдинамичниот и најспортски сериски модел на Jaguar на сите времиња.“ Кога ќе се погледнат податоците за верзијата R не останува простор за сомневање во тоа. Со петлитарски V8 со компресорско натполнење, купето е за 4,2 секунди до сто и мора електронски да се сопре на 300 километри на час. На задната оска удираат 680 њутмнетри, кои се држат под контрола со блокада на задниот диференцијал. Послабите модели со 340 и 380 КС не заостануваат многу со 260, односно 265 km/h.

Задниот спојлер е сокриен исто како кај кабриолетот и излегува автоматски над темпо 110, односно се враќа под 80 km/h. Практичноста е една од предностите на купето во споредба со отворената верзија. Во багажникот собира 407 литри, што е сосема солидна вредност за купе. Со доплата се достапни бројни ставки меѓу кои панорамски покрив, електрично отворање на задниот капак или врвно озвучување.

Претходна објаваPorsche заработува 16.500 евра по возило, Fiat губи 165 евра
Следна објаваHonda го претстави теренецот на база на Jazz

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here