за

Jaguar F-Type Coupe: Жешка мачка со стаклен покрив

Купето на Британците пристигнува во голем стил, со истовремена премиера на салоните во Токио и во Лос Анџелес. Продажбата на F-Type Coupe ќе стартува напролет, со цена од 70.000 евра.

Идејниот наследник на E-Type прво беше претставен како студија со купе форма на салонот во Франкфурт во 2011 година, две години подоцна стартуваше неговата продажба, но како родстер, а сега конечно доаѓа и купето, кое што ќе биде претставено истовремено на два големи салона, во Токио и во Лос Анџелес.

Главниот дизајнер Јан Калум смета дека купето од F-Type е уште поубаво и поелегантно од родстерот и многумина ќе се сложат со тоа. Покривот меко преоѓа во опашот на купето и целосно е изработен од стакло, така што се добива чист поглед наоколу од долниот раб на ветробранот па до задното стакло.

Продажбата на F-Type Coupe ќе стартува напролет, по цена од околу 70.000 евра, односно околу 3.500 евра помалку од родстерот. Моторите се истите од родстерот, што значи дека понудата стартува со обата мотора V6 со зафатнина од три литри, со 340 и 380 КС, додека врвот му припаѓа на моделот со петлитарски V8 со 495 КС. Подоцна ќе се појави и верзија со преку 500 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

аерозагаденоста скопје македонија

Загадениот воздух ќе усмрти 210.000 лица во 2030 година

Осум денови во застој: Во овие градови се вози во место