за

Jaguar F-Pace против BMW X4 на споредбен тест на Auto Bild

Фото: AUTO BILD

Германскиот Auto Bild го соочи Jaguar F-Pace, теренецот кој моментно им предизвикува главоболки на најголемите играчи, со BMW X4 како еден од првенците во сегментот. Може ли британскиот спортски теренец да го победи баварскиот конкурент?

Водечкиот европски магазин Auto Bild не чекаше долго време додека ги соочи обата модела на спортски теренци во средната класа околу кои во моментов е насочен интересот на публиката, Jaguar F-Pace и BMW X4. Германците посочуваат на долгото искуство што BMW го има во сегментот на спортските теренци и датира уште од 1999 година, кога беше преставен првиот X5. Сега и Jaguar прекршува со традицијата и се префрлува во сегментот што одвај се поврзува со имиџот и традицијата на британската марка. Прашањето на Auto Bild: „Дали може да се достигне огромната предност на BMW?“

F-Pace добива големи пофалби за дизајнот, со „појава, стил и елеганција од прва лига и на прв поглед.“ Со 4,73 метри, новодојденецот од островот е за шест сантиметри подолг X4, што се огледува и во просторот на задната клупа, каде што BMW има недостаток и поради нискиот покрив. Магазинот оценува дека седењето во вториот ред во Jaguar е комотно и за повисоки патници.

Jaguar заостанува во квалитетот на материјалите, но не и во изработката

Спортските седишта кои се дел опционалниот пакет R-Sport исто така добиваат одлични оцени: „Покрај ниското седење и ниската арматурна табла речиси се заборава дека се седи во теренец.“ Негативна оцена добива впечатокот за завршната изработка. Иако сé е составено прецизно и цврсто, вградените материјали се како во Polo. Магазинот натаму му дава добри оцени на X4 и за ракувањето, каде што се огледува долгото искуство на Баварците во конективноста. Менијата на BMW се појасни и iDrive овозможува ракување без одвлекување на вниманието. Jaguar користи екран на допир, а менијата не се составени толку добро. Проблем за германските експерти претставува и тоа што целите за навигацијата не може да се зададат преку говорна команда.

jaguar f-pace protiv bmw x4 aubi_1
Фотографија: AUTO BILD

Но, тука завршуваат сите критики за Jaguar. Магазинот е зачуден колку лесно одушевува F-Pace. Подвозјето, вообичаено за марката, реагира потврдо на куси нерамнини, но „во сé останато, со Jaguar се живее одлично.“ Моторот е темпераментен, лесно се врти во црвеното подрачје и подвозјето „ги заборава двата тона тежина на возилото уште во првиот свијок.“ BMW сето тоа сепак го прави за нијанса подобро. X4 амортизира подобро и остава поагилен впечаток. Линискиот шестцилиндарец во комбинација со „фамозниот“ осумстепен автоматик е класа за себе.

Двата бода (556 од можни 750) што му недостигаат на Јaguar за победа против BMW X4 со 558 од можни 750, се должат само на повисоката цена на F-Pace и на трошоците за осигурување на возилото во Германија. Во гаранцијата, пак, британскиот теренец повторно е подобар.

Технички податоци · Преземено од AUTO BILD · Jaguar F-Pace против BMW X4

Податоци за возило BMW Jaguar
Модел X4 xDrive 35d F-Pace 30d AWD
Мотор 6 цилиндри, битурбо V6, битурбо
Положба напред надолжно напред надолжно
Вентили / Брег. вр. 4 / 2 4 / 4
Погон на брег. вр. синџир синџир
Зафатнина 2993 cm³ 2993 cm³
kW (PS) при 1/min 230 (313)/4400 221 (300)/4000
Nm при 1/min 630/1500 700/2000
Vmax 247 km/h 241 km/h
Менувач 8 степени, автоматски 8 степени, автоматски
Погон Сите тркала Сите тркала
Сопирачки напред / назад диск / диск диск / диск
Гуми на тест возило 245/45 – 275/40 R 19 Y 255/50 R 20 W
Тип на гуми Michelin Primacy 3 ZP Continental SportContact 5
Бандажи 8,5/9,5 x 19″ 8,5 x 20″
CO2 157 g/km 159 g/km
Потрошувачка* 6,7/5,5/6,0 l 6,9/5,6/6,0 l
Потрошувачка на тест
Спортско возење** 10,4 l/100 km 11,1 l/100 km
Тест патека*** 7,6 l/100 km 7,8 l/100 km
Еко-возење**** 5,9 l/100 km 5,9 l/100 km
Резервоар 67 l / дизел 66 l / дизел
Разладно средство R134a R1234yf
Бучава во минување 72 dB (A) 71 dB (A)
Приколка со / без сопирачки 2400/750 kg 2400/750 kg
Багажник 500-1400 I 650-1740 I
Должина / Ширина / Висина 4671/1881-2089/1624 mm 4731/2070-2175/1652 mm
Цена на тест-возило 66.300 евра 69.460 евра
* град / пат / просек на 100 km (фабрика); ** 54 km автопат, од тоа 20 km под полна гас; *** Просек на патека на AUTO BILD од 155 km; **** 101 km во град и  на пат под умерена гас
Мерни вредности BMW Jaguar
Забрзување
0–50 km/h 1,8 s 2,6 s
0–100 km/h 5,2 s 6,6 s
0–130 km/h 8,4 s 10,4 s
Меѓузабрзување
60–100 km/h 2,9 s 3,3 s
80–120 km/h 3,6 s 4,4 s
Празно возило / Носивост 1942/498 kg 2021/549 kg
Распределба на тежина нап. / наз. 51/49 % 53/47 %
Круг на вртење лево / десно 12,3/11,9 m 12,0/12,2 m
Пат на сопирање
од 100 km/h, незагреано 36,9 m 35,2 m
од 100 km/h загреано 36,5 m 35,3 m
Внатрешна бучава
при 50 km/h 56 dB (A) 58 dB (A)
при 100 km/h 64 dB (A) 66 dB (A)
при 130 km/h 68 dB (A) 69 dB (A)
Поторшувачка на тест – CO2 7,6 l D – 202 g/km 7,8 l D – 207 g/km
Досег 880 km 840 km

 

Заклучок на авторот Штефан Восвинкел

Успешен неречен натпревар за Jaguar. F-Pace привлекува со карактерот и вози на речиси исто толку високо ниво како зрелиот BMW. Со подобар квалитет и помалку самоуверени цени, Jaguar би ја понел победата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin и Zagato во двоен дизајнерски напад

Во фабриката на Tesla се работело за пет долари на час