Jaguar произведува нови резервни делови за стариот E-Type

Уште откако Jaguar го претстави E-Type во 1961 година, светот не престанува да се одушевува од овој автомобил. За така да остане и во иднина, Jaguar стартуваше производство на нови резервни делови.

Од неговото претставување на салонот во Женева во 1961 година, Jaguar E-Type се вбројува меѓу најубавите спортски автомобили што ги напуштиле британските острови. Дури и Енцо Ферари се одушевуваше од класичарот со долга хауба. За фасцинацијата да потрае уште долго време, Jaguar ги вклучи сите каросериски делови во својата програма за историски возила, која на сопствениците на класичните модели на Jaguar им овозможува набавка на оригинални резервни делови.

Подобро и од оригиналот

За таа цел, сите компоненти се скенираат со ласер и потоа се пренесуваат во програма за CAD. Со оваа техника се гарантира точност до дел од милиметар, односно како што тврдат во Jaguar, овие делови се подобри и од оригиналните. Зачуваната фабричка документација и примената на најсовремени алатки и машини се гаранција за квалитетот на деловите.

Покрај каросериските делови, Jaguar нуди и три китови на издувни системи, коишто исто така се изработени според оригиналните планови. Купувачите имаат на избор асортиман од над 30.000 делови за секој Jaguar што е постар од десет години. Тоа значи дека олдтајмерите на британската марка ќе возат уште долго.

Претходна објаваСигурносни камери снимаат оригинален обид за кражба на Porsche
Следна објаваAudi со пораст во продажбата во октомври

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here