iPhone сам се штити од незгоден пад

Apple патентираше изум којшто при слободен пад автоматски го менува тежиштето на iPhone за тој да се намести во најповолна положба за приземјување заради заштита од оштетување.

Сензорите во iPhone во иднина ќе го штитат телефонот од оштетување при пад. Во случај кога сензорите – жироскоп и сензор за движење – ќе детектираат слободен пад, процесорот ги одредува моменталната положба и веројатната позиција при падот. Вибрациски мотор ќе го менува тежиштето на iPhone или кој било преносен уред, со цел тој да падне во колку е можно поповолна позиција. На тој начин се намалува опасноста од оштетување на особено чувствителните компоненти, како на пример дисплејот.

Можно е одредени елементи од уредот да се исфрлат во стил на катапулт-седиште за време на паѓањето. Тоа може да се постигне на пример со батеријата. На тој начин исто така може да се изврши менување на тежиштето на уредот. Apple го поднесе барањето за патент за „Заштитен механизам за електронски уред“ во септември 2011 година и службата за патентирање дури денес го одобри барањето. Моментно не е потврдено кога Apple планира да го реализира овој патент во своите продукти.

Претходна објаваСтартува тестирањето на прототипите од идната серија 7 на BMW
Следна објаваУкрадени автомобилите за новиот филм со Џејмс Бонд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here