за

Infiniti со конкурентски модел за Audi A3

Благородната марка на Nissan ќе ја прошири понудата со модел од компакт класата, со кого ќе им конкурира директно на серијата 1 на BMW, класата A на Mercedes и на Audi A3.

Списокот на новитети на претстојниот салон во Франкфурт го дополнува престижната марка Infiniti. Таа најави премиера на концептно возило Q30, како најава за идниот модел во компакт класата.

На овој начин, Infiniti сака да ја привлече помладата публика и да го прошири кругот на купувачи, со алтернатива на класата А на Mercedes, серијата 1 на BMW и Audi A3. Засега е познато само дека новиот модел ќе се произведува во фабриката на Nissan во англискиот Сандерленд и ќе почне да се продава од 2015 година. Ценовно, серискиот примерок на Q30 ќе биде под лимузината од средната класа Q50, чија редовна цена на европскиот пазар изнесува околу 35.000 евра. Според тоа, може да се очекува дека премиум компактот од Infiniti ќе стартува од околу 22.000 евра.

Исто како кај моделот Q50, шампионот во формула 1 Себастијан Фетел ќе учествува во завршното дотерување на подвозјето и во одредувањето на возните својства на копактот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alfa Romeo се враќа на традицијата

Tesla продолжува со освојување на пазарот