Како да се испрати порака до вселената што ќе биде видлива со голо око? Hyundai успеа во тоа со дузина модели Genesis пуштени да возат по исушеното дно на езерото Деламар во Невада.
Тринесетгодишна Американка од Хјустон сакаше да му испрати порака на својот татко што работи во вселенската станица ISS. Корејскиот производител Hyundai се понуди на помош и стави на располагање единаесет примероци од новиот Genesis, за „пишување“ на пораката што може да се види од вселената. Тоа е сценариото во носечката реклама од кампањата на Hyundai во Америка. Целиот овој подвиг е уредно документиран со впечатливи видео снимки, а меѓу другото се најде и во Гинисовата книга на рекорди, како најголема слика изработена со траги од автомобилски тркала. Слична акција неодамна имаше и Land Rover.
















