Магазинот Auto, Motor und Sport го избра Hyundai i20 1.1 CRDi за најдобар модел со дизелски мотор во класата на малечките авотмобили. Редакцијата на магазинот особено ја цени ниската потрошувачка.
Со нормирана просечна потрошувачка од 3,2 литри дизел, што соодветствува на емисија на СО2 од 84 g/km, Hyundai i20 Blue 1.1 CRDi е меѓу најеколошките возила на пазарот. Во специјалниот прилог со совети за избор на возило од класата на градските автомобили, магазинот Auto, Motor und Sport му даде високи оцени на моделот и за просторноста на кабината, за едноставното ракување и за обемниот гаранциски пакет, со пет години гаранција за возилото, помош на пат и бесплатна проверка.