Hyundai со рекордна европска продажба во првото полугодие

Освежувањето на гамата на модели го донесе очекуваниот резултат. Hyundai во првите шест месеци продаде 237.221 возила во Европа. Бројката ќе расте уште со воведувањето на следните нови модели.

Рекорд за Hyundai во продажбата на возила на европскиот пазар во едно полугодие. Корејската марка добро одомаќена на европскиот пазар, продаде 237.221 возила во првите шест месеци од 2015 година. Заслугата за одличната продажба лежи најмногу во воведувањето на нови модели, вклучувајќи ги новите i20, i30 и i40. Уште поголем раст се очекува во второто полугодие, откако ќе започне продажбата на новата генерација на компактниот кросовер Tucson, наследник на ix35. Рекордната продажба претставува раст од преку 8 проценти во споредба со истиот период лани. Претходниот рекорд за првото полугодие беше поставен веќе во 2012 година.

Купе во градската класа: Верзијата со три врати од Hyundai i20 се разликува драстично од моделот со каросерија со пет врати
Купе во градската класа: Верзијата со три врати од Hyundai i20 се разликува драстично од моделот со каросерија со пет врати

Компанијата со производствени капацитети во Чешка и Турција, како и развоен центар во Германија, до крајот на годинава ќе обнови 80 проценти од гамата на модели. Претстои комерцијализација на купе изведбата од i20, како и на турбо-моделот во гамата на компактот i30. Во екот на обновувањето на целата моделска гама, малечкиот i10 наскоро ќе биде најстар модел во понудата, иако во актуелното издание тој беше претставен во почетокот на ланската година. Пристигањето на новиот Tucson ќе претставува значајно засилување, ако се има во предвид дека Hyundai лани продаде најмногу возила токму во сегментот на спортските теренци.

 

Претходна објаваШто може да е подобро за лето од кабриолет BMW Alpina со 410 КС?
Следна објаваЦрната серија продолжува: 14-ти судир на автономните возила на Google

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here