за

Hyundai ќе вози за светскиот фудбалски шампионат за млади

Hyundai обезбеди 112 возила за турскиот фудбалски сојуз, кој е локален организатор на светскиот фудбалски шампионат за млади.

Мечовите меѓу 24-те земји учеснички ќе се одиграат во периодот од 21-ви јуни и 13-ти јули во седум градови во Турција. Hyundai обезбеди возен парк од 112 возила за официјалните лица на светската фудбалска асоцијација и за локалниот организациски комитет, за судиите и за организаторите, составен од лимузините i40, Genesis и Equus, бестселерот i30, спортскиот теренец ix35, како и од транспортерот H-1.

Корејската марка е официјален партнер на FIFA уште од 1999 година. Во 2010 година, Hyundai го продолжи спонзорството на светскиот шампионат во фудбал до 2022 година. Преку спонзорството на фудбалот на меѓународната сцена, Hyundai постигна значително зголемување на реномето и имиџот на марката.

hyundai turcija

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новата класа C ќе се нуди и во верзија со пет врати

Seat го освојува пазарот во Мексико