Од стартот во јануари 2011 година, во Санкт Петерсбург се произведоа 500.000 возила на Hyundai. Јубилејното возило е Solaris – најпродаван модел од странска марка во Русија.
Во фабриката на Hyundai во Санкт Петерсбург се произведе 500.000-от автомобил. Не е случајност тоа што славеничкиот модел е Solaris. Лимузината се продава само на рускиот пазар и е најпродаван модел од странска марка. Успехот е дотолку поголем што производството во фабриката во Русија стартуваше пред само две ипол години, во јануари 2011 година. Производствениот капацитет на фабриката изнесува 200.000 возила годишно, а во неа работат 2.200 лица.

Вклучувајќи ја испораката од локалните фабрики на добавувачите, 47 проценти од деловите во возилата се од руско производство, а во целиот ланец опфаќа 4.000 работни места. Во минатата година, рускиот Hyundai се најде меѓу најголемите даночни обврзници.