за

Hyundai го произведе милионитото возило во Чешка

Примерок од новата генерација на i30 е милионитиот автомобил што Hyundai го произведе во супермодерната фабрика во чешкиот Ношовице. Фабриката работи од ноември 2008.

Hyundai i30 беше првиот автомобил што излезе од чешката фабрика на Hyundai, по стартот на 3-ти ноември 2008. До крајот на декември веќе се произведоа 15.500 возила во фабриката што Hyundai ја чинеше 1,2 милијарда евра. Втора смена беше воведена во септември 2009, со цел да се задоволи огромната побарувачка за возилата на корејската марка произведени во Европа и развиени за Европа. До 2010 година, продукцијата веќе броеше 200.000 возила. Побарувачката продолжи да расте, трета смена се воведе во 2011 и во следната година беше произведено и 300.000-то возило.

Околу 3.500 лица се вработени во чешката фабрика, а уште 7.000 лица работат кај добавувачите кои ја снабдуваат фабриката со делови. Ален Рашфорт, извршен директор на европскиот Hyundai изјави: „Нашата чешка фабрика е срцето на нашиот успех во Европа, со производство на двата најпродавани модели во регионот и со производство на еден автомобил на секоја минута. Автомобилите како ix35 и новата генерација на i30 ни помогнаа да постигнеме рекордно учество на европскиот пазар од 3,5 проценти во 2012 година.“

Во Ношовице се произведуваат Hyundai ix20, ix35 и новиот i30. Неодамна Австралија стана 60-та земја во која што се извезува i30 произведен во Чешка, по земјите во Источна Европа, Африка, Карибите и Океанија. Во фабриките во Ношовице и во Турција се произведуваат 70 проценти од возилата што Hyundai ги продава во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што се јадеше на синоќешната премиера на Mercedes?

Цени на горивата во европските земји