за

Hummer повеќе не постои, но холивудските ѕвезди најдоа замена

Шварценегер на времето не седнуваше во друга марка. Но, откако Hummer згасна се појавија многубројни фирмички кои изработуваат слични тенкови што секој помалечок автомобил ќе го претворат во каша.

Rolls-Royce е надминат, а и Hummer повеќе не постои. Холивудските ѕвезди мораа да се снаоѓаат, за секое нивно појавување на улица да биде забележано. Во гаражите на филмските ѕвезди денес најчесто се наоѓаат блиндирани возила. Од Канада доаѓаат Knight XV и Evade, како огромни теренци што влеваат страв во коски. Првиов се појави и во филмскиот серијал „Брзи и бесни“.

evade

Продажбата на блиндирани возила забележа огромен раст во последните пет години, приближно колку што и марката Hummer отсуствува од пазарот. Пред пет години, фирмата Texas Armoring, што се вбројува меѓу водечките во овој бизнис, годишно продаваше по едно возило на секои две години во Холивуд. Денес се продаваат 15 до 20 возила годишно.

Булеварски тенк за 1,2 милион долари

Тенковите на четири тркала, покрај безбедност од напади со огнено оружје, нудат и заштита од кражба, како и од папараците. Овие блиндирани возила често поседуваат рачки на вратите кои што им приредуваат струен удар на неповиканите гости. Раперот Кени Вест веќе има купено два такви тенка од Dartz Motors, секој со цена од по 1,2 милион долари.

evade 2

Фирмите ги блиндираат и скапоцените лимузини на ѕвездите. Овие возила однадвор не се разликуваат од другите. Обично се вградуваат специјални плочи за блиндирање, непробојни стакла, рачки во вратите под струја и видео системи за надгледување. Најпопуларен избор се Cadillac Escalade, класата S на Mercedes, како и класичниот теренец G63 AMG.

Лидерот Texas Armoring годишно продава околу 300 возила, со тренд угоре. Голем број возила се испорачуваат и во Источна Европа, Јужна Америка и Јогоисточна Азија. Во немирни времиња секогаш расте бизнисот. Американците се вознемирени и од последната серија на оружени напади од цивили.

Експертите се сомневаат дека новата генерација на улични тенкови е само шоу и дека не постои потреба од таква заштита. Но, традиција е ѕвездите што годишно заработуваат по неколку милиони долари да седат во блиндирани возила. Секако дека многумина се сеќаваат на убиството на раперот Ноториус БИГ, кој во екот на неговата кариера беше убиен по заминување од забава во 1997 година.

Колку што овие возила се безбедни за сопствениците, толку се поопасни за другите возила по улиците. Не постои автомобил од нормалните класи кој што би издржал судир со Knight XV или Iron Diamond. Покрај тоа, возачите мораат да совладаат и посебни курсеви за владеење со овие возила што тежат повеќе тони.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хибридна Mazda3 на салонот во Токио?

Continental, глуварче

Continental ќе произведува автомобилски гуми од глуварче