Huawei претстави тенок паметен телефон со метално куќиште, дисплеј од 5,2 инчи и Android 5. Камерата има оптички стабилизатор за пристојни фотографии и при слабо светло. Макси-верзијата е со дисплеј од 6,8 инчи.
Кинескиот производител Huawei го претстави паметниот телефон P8 со камера со силно светло, дисплеј од 5,2 инчи и врвна опременост. Камерата сима фотографии од 13 MP и поседува особено ефикасен оптички стабилизатор, којшто компензира „тресење“ до 1,2 степени, наспроти 0,6 степени кај iPhone 6 Plus. Блицот се приспособува според боите.
Место сензор со мал шум, Huawei користи моќен процесор за слика, којшто би требало да функционира добро и со високи контрасти. Најголемата предност е тоа што камерата не штрчи од куќиштето, туку е во рамниште со металното куќиште со дебелина од само 6,4 милиметри. Софтверот доаѓа со дополнителни функции, како продолжено осветлување и режисерски модус за видеоснимки, во когошто во исто време се гледа снимка во живо од три телефони P8 поврзани преку WLAN и може да се монтира филм како на режисерски пулт.

Дисплејот со техника IPS и дијагонала од 5,2 инчи прикажува Full HD со 444 dpi. Вградени се главна меморија од 3Gbyte, осумјадрен процесор HiSilicon Kirin 930 со четири јадра на 2 GHz и четири јадра на 1,5 GHz – сите способни за 64-бита – и меморија од 16 Gbyte. Следуваат и LTE (150 MBit/s), WLAN (11b/g/n, без a, без ac), Bluetooth 4.1 и слот за картички Micro-SD со капацитет до 128 GByte. Батеријата е со 2680 mAh, вградена е фиксно и поседува неколку техники за штедење струја. Тежината на P8 изнесува 144 грами, куќиштето е заштитено од прскање со вода. Како прибор се нуди футрола со дисплеј E-Ink од 4,3 инчи, којшто ги прикажува информациите постојано, без притоа да троши премногу од батеријата.
Huawei дополнително го прикажа и P8 max со дисплеј од 6,8 инчи и батерија од 4.360 mAh, којашто може да издржи до 15 часови и при интензивно користење. Со 6,8 милиметри, P8 max е потенок од Samsung Note 4 и iPhone 6 Plus.
















