HS Motorsport прави Mercedes-AMG C63 да биде уште позабележлив

Тјунерската работилница од баварскиот Ехинг има неколку „детали“ што прават екстремниот спортист од класата C на Mercedes да се издвојува уште повеќе со изгледот – и со звукот.

Под крилата на актуелниот C63 во верзијата подготвена од тјунерот HS Motorsport вртат триделни бандажи од лесен метал од серијата mcCCon, со впечатлива големина: Предните бандажи имаат димензија 9,5х20 и гуми 245, додека задните додаваат уште еден и пол цол во ширина и соодветно на тоа „одомаќуваат“ гуми со ширина од 295 милиметри. Обрачот на бандажите е лакиран во сјајна црна боја, десетте краци се финиширани во „луксузно сива“ боја. Со специјалните пружини од MEC Design, чиишто производи ги дистрибуира HS Motorsport, растојанието од подлогата е намалено дополнително. На крај следува и издувен систем изработен од облагороден челик, кој му овозможува на четирилитарскиот V8 со битурбо натполнење да го ослободи полниот пејачки талент.

mercedes-amg c63 hs mot (1)

Претходна објаваТурски научници измислија пат што сам се одмрзнува
Следна објаваТренд во Америка и Азија: Продажни салони за автомобили – без автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here