Honda е најбрзо растечка марка на европскиот пазар

Во првите девет месеци Honda продаде 127.655 возила и со пораст во продажбата од 27,5 проценти е најбрзо растечка марка на европскиот пазар. Заслугата се должи на одличната продажба на новите HR-V и Jazz, првенствено во Италија, Германија и Франција.

Европскиот огранок на Honda го задржа големиот раст во продажбата и во третиот квартал, продолжувајќи го трендот што јапонската марка го бележи уште од почетокот на годинава. Во земјите од ЕУ и ЕФТА, Honda продаде 127.655 возила до крајот на септември, што претставува зголемување од 27,5 проценти во споредба со истиот период лани.

Растечкиот тренд се должи на воведувањето на новата генерација на HR-V, кој достигна 28.213 продажби, а по него следи и новиот Jazz, кој првите три квартали ги заврши со раст во продажбата од 24,4 проценти. Пазарот за овој модел во Италија се зголеми за фантастични 146,4 проценти! Гамата на Civic исто така е во раст, со 4,9 проценти повеќе продадени возила отколку лани, меѓу другото благодарение и на воведувањето на новиот Civic Type R.

Главните пет пазари во Европа се во плус за Honda

Најголемите пет пазари во Европа – Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија – покажаа позитивно расположение за моделите на Honda. Италија продолжува со масивниот раст и со плус од 118,3 проценти стана трет најголем пазар за јапонската марка во Европа. Импресивни резултати се бележат и на пазарите во Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, ХоландијаNetherlands, Полска, Португалија, Словачка и Швајцарија, кадешто продажбата на Honda порасна за повеќе од 30 проценти во споредба со лани.

Според Жан-Марк Стренг, прв човек на Honda во Европа, планот е продажбата до крајот на годинава да надмине 160.000 возила и со тоа да се обезбеди добра подлога за следната година, кога пристига новата генерација на комбилимузинскиот Civic од европска продукција.

Претходна објаваHonda со нов теренец за јужноамериканскиот пазар
Следна објаваNissan им нуди користен Leaf на струја на британските возачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here