Honda Jazz на салонот во Париз – продажбата стартува в година

Honda ќе претстави прототип на новиот Jazz на салонот во Париз. Продажбата на моделот за европскиот пазар ќе стартува во следното лето, ќе има и хибридна верзија со 140 КС.

На салонот во Париз во следниот месец ќе биде претставен прототипот од европската верзија на Honda Jazz. Надворешните димензии се променија незначително. Должината е поголема за 15 милиметри, додека меѓуоскиното растојание порасна за 30 милиметри и сега изнесува 2,53 метри, што оди во корист на просторноста во кабината.

Главниот печат во изгледот го ставаат тесните и издолжени предни светла, како и рабовите во страниците на каросеријата. Продажбата на јапонскиот пазар е веќе во тек, со практични детали како задна клупа со седечка површина што се исправува, за да формира дополнителен и повисок простор за товар меѓу двата реда седишта. Овие практични детали секако ќе ги поседува и европската верзијана Jazz. Стандардната големина на багажникот изнесува 400 литри, а со едноставно соборување на задната клупа се добива целосно рамен под по целата површина на багажникот. Третата генерација на Jazz се базира на новата глобална платформа за моделите на Honda од ниската и компакт класата.

Исто како кај актуелниот модел, Civic и кросоверот HR-V, резервоарот е поставен во средината на каросеријата, што овозможува многу порационално искористување на просторот во кабината. Кога Jazz ќе почне да се продава на европскиот пазар во следното лето, под хаубата ќе работи нов бензинец од 1,3 литар со директно впрскување. Подоцна ќе следува и хибридна верзија со системска моќност од 140 КС и менувач со двојна спојка.

Anna Boix

Претходна објаваRenault Eolab: Овој Clio троши еден литар на 100 километри
Следна објаваVolkswagen Polo: 192 КС за помалиот брат на Golf GTI

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here