Honda HR-V ќе може да се стокми по мера

Honda HR-V доаѓа со новиот дизајнерски говор на марката, со хибриден погон што нема потреба од менувач, но и со пакети со каросериски додатоци, што фабрички се вградуваат во возилото и на тој начин автомобилот визуелно се поврзе со сопствениот животен стил.

Еден од петте пакети за стил за новиот HR-V од коишто може да се избира и за којшто Honda очекува дека ќе се нарачува најчесто е спортскиот пакет, верно на имиџот на марката. Предната маска и продолжетокот на задниот спојлер се лакирани во берлина црна боја, додека предниот спортски браник, задната декорација во спортски стил и страничните украси се лакирани во боја на каросеријата, со хромирани додатоци.

Следен е Опскура црн пакет, за нагласување на спортскиот и моќен лик на Honda HR-V, со финиш на предната маска, површината околу магленките, капите на ретровизорите и продолжетокот на задниот спојлер во берлина црна боја и лак во боја на каросеријата.

Доколку се бара нагласување на премиум карактерот на HR-V, тогаш може да се избере илменит-титаниум надворешен пакет. Површините околу магленките, капите на ретровизорите и украсите на задниот поклопец се изведени во боја на титаниум.

https://photos.app.goo.gl/TqhRxv54k6whutKf7

https://photos.app.goo.gl/nvdD9g3dTB79SjSy9

https://photos.app.goo.gl/pSPjRieEva5kGeHZ7

Преостанатите два пакети се однесуваат на кабината. Илменит-титаниум внатрешен пакет додава титаниумски украси на воланот, околу бирачот за возење и прекинувачите во вратите. Опција се кожени седишта, во комбинација од класична кожа во темнокафена или црна боја, со квалитетно платно Алстон.

За практичноста, што секогаш било врвна вештина на Honda, по примерот на Jazz и Civic со нивната „волшебна задна клупа“, кај новиот HR-V може да се избере карго пакет. Тој содржи практично корито за сместување и раздвојување на валканите предмети, на пример спортска опрема. Дополнителна заштитна плоча од челик на прагот на багажникот е отпорна на оштетување при товарење. Пакетот содржи и светло во поклопецот на багажникот што го осветлува и просторот зад возилото.

Посебен пакет е наменет за корисници со активен животен стил, што содржи калници, заштита на праговите и гумен патосник во багажникот, сé заради заштита од валкање.

https://photos.app.goo.gl/SxigyKHXX5ji4Nex7

https://photos.app.goo.gl/FbBPQn69o9Zu5Qey9

https://photos.app.goo.gl/aJVHHJC3mg5hkuxM9

https://photos.app.goo.gl/6mHnQWDvSVhxRN5m9

https://photos.app.goo.gl/3vC5awFENPr87pDH6

https://photos.app.goo.gl/WJ4o8XJVKq7FWoLi9

https://photos.app.goo.gl/gzjsdF2T2WoTuQwy9

>>> Два важни новитети на Honda доаѓаат во 2022 година

Претходна објаваVolkswagen почна тестови со возила што управуваат сами
Следна објаваРуска GAZelle во служба на јавен превоз во Виетнам

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here