Руска GAZelle во служба на јавен превоз во Виетнам

Водечкиот производител на стопански возила во Русија сега испорачува и за виетнамскиот пазар. Сто примиероци од минибусот GAZelle Next Citiline се ставени во служба во јужниот регион во земјата, на мошне оптоварените меѓуградски линии, што ги користат и туристите.

Рускиот производител GAZ, Горковски Автомобилски Завод, уште спомнуван по моделите Волга и Чајка, постојано освојува нови пазари. Теренскиот камион Sadko, именуван по херој од руското културно наследство, се покажа сосем дораснат за негостопримливите пространства во Австралија. Сосем спротивен е примерот со GAZelle Next што е префлен да користи водород како погонско гориво и во напредно тестирање е во Германија. Таму веќе се продава и електрична изведба на GAZelle.

Во Мароко исто така не е необично да се сретне GAZelle Next. Пред две години беа испорачани „антивирус“ возила во 47 држави ширум светот. Најновиот бизнис потфат на моќната руска групација се стоте минибуси GAZelle NEXT Citiline што се пуштени во јавен сообраќај на југот на Виетнам. Стоте минибуси што се изработени врз платформа од GAZelle Next ќе превезуваат патници на три меѓуградски линии, што ги поврзуваат градот Далат, административен центар на провинцијата Ламдонг и популарно туристичко одредиште, со градот Баолок, во областа Дондуонг и со градот Ксуан Труонг.

GAZelle NEXT Citiline ги исполнува барањата за хомологација на возила од овој вид во Виетнам. Според рускиот производител, неговите минибуси во гамата на GAZelle располагаат комфор како во автомобил, додека цврстата конструкција што се базира врз носечка рамка обезбедува издржливост и сигурност на фреквентните рути по тежок терен во јужните предели на Виетнам.

Тоа што му дава предност на минибусот на GAZ е малиот круг на вртење од 13,2 метри, што овозможува лесно маневрирање на тесен простор во градскиот метеж, исто како и лесно совладување на рутите по планинските патчиња, на коишто се одвива интензивен сообраќај и се совладуваат „лакти“, остри свијоци под 180 степени. Високите прозорци дозволуваат патниците да уживаат во глетката додека патуваат низ прекрасните природни предели.

Првата нарачка за GAZelle Next во Виентам беше извршена пред две години, минибусите сообраќаат во Ханој

Ова не е прва нарачка на возилата на GAZ во Виетнам. Во 2020 година беа испорачани 50 примероци од Citiline во престолнината Ханој. Наталија Вариукина, извршна директорка на GAZ во Виетнам: „Имаме широка понуда од возила GAZ на виетнамскиот пазар, обезбедуваме сервисирање со висок квалитет, нашите тимови работат активно со локалните компании со големи возни паркови. Сето тоа овозможува GAZ постепено да го освојува овој пазар, што е од стратешно значење за нас.“

Горковски Автомобилски Завод (Нижњи Новгород е поранешен Горки) продава товарни возила GAZelle Next во Виетнам уште од 2020 година. Понудата опфаќа кипери, фургони и минибуси со најразлични надградби и варијанти. Во целата земја се активни 11 дилерства на GAZ.

Во Македонија имаме многу подолга традиција со возилата на GAZ, не вклучувајќи ја Волга. Директниот увозник АБЦ Бротхер од минатата година ја нуди на нашиот пазар најновата генерација на GAZelle, којашто ја носи додавката NN, од Нижњи Новгород, но се толкува и како New Next. Станува збор за комплетно нов развој, вклучувајќи дигитализација, онлајн-услуги, па дури и електрична варијанта Gazelle e-NN.

>>> Поштата во Русија доаѓа со електрична GAZelle

Претходна објаваHonda HR-V ќе може да се стокми по мера
Следна објаваГерманската железница годинава вложува 13,6 милијарди евра во развој

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here